ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Една од важните задачи и обврски за некои од вас ќе биде да се грижите за имотот на родителите или други роднини, да префрлате било какви имотни права или хипотека, итн. Станбени или сопственичи прашање сега ќе ви бидат приоритетни обврски. Конфликт со млад маж или момче, главно предизвикан од неговото нетрпение, недостаток на такт, на животно искуство да се справува со одредени ситуации. Сè ќе заврши добро, особено со добра лекција од животот. Дел од активностите овој месец ќе имаат врска со раѓање на женско бебе, со девојка или млада жена. Неповолен месец за судска постапка. Конфузија или сомневање може да искрсне, недоверба за пари во вашиот брак или романтична врска. Не бидете наивни и не дозволувајте некој да манипулира со вас, но, сепак, прекумерната сомничавост може да ви наштети и вам. Ќе добиете известување, понуда или молба од неочекуван или непознат извор што ќе ве натера да внимавате на настаните што следат.
Водич за мода: Вие сте сериозни кога е во прашање гардеробата. Барате добар квалитет и, често, дизајнерска етикета. Погледнете што „Штипка“ одбра за вас.
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Во април жена од далечина ќе биде фактор за важни настани. Може да ја посетите; можно е да ù се приклучите или да имате и други заеднички активности и интереси. Постои можност за подготовка на идно патување поврзано со жена. Овој месец ќе имате изненадувања и неочекувани пресврти на настани. Природната еволуција на работите сега ќе покаже дека некој друг има свои планови за вас и дека тие се подобри од вашите. Настани ќе искрснат во врска со разделба или развод во вашето или во семејството на ваши пријатели, соседи, колеги. Под ‘разделба’ се продразбира животна разделба од различни причини, не само во односите маж-жена. Можно откажување на свршувачка или одложување на свадба од сериозна причина, или промени од некој вид. Ќе ве загрижат неочекувани трошоци или неочекувани вести од финансиска природа, за што ќе треба време да ги проверите и да ги разгледате вашите опции. Конфликт може да се појави за дете или внук. Ќе следат контроверзни или целосно спротивни ставови за важно прашање во врска со неговата иднина. Ќе направите мал компромис и ќе најдете добро решение.
Водич за мода: Жените-Водолија имаат слободен дух и бунтовни се. Го менуваат стилот (пре)често и секогаш изгледаат добро. За непредвидливите како вас, имаме изненадување.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Во текот на април ќе се разделите со дете/внуче поради напуштање на домот, преселба во друго место, далечно заминување. Проблеми поврзани со детенце. Ќе се борите за одбрана на вашите цели и соништа. Ќе имате одредена можност да реализирате нешто важно за вас. Тоа може да предизвика недоследности или конфликти со луѓето околу вас, но тешко дека ќе го слушате мислењето на некој друг, освен своето. Важен и специјален настан поврзан со млада жена во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Поволен месец за решавање на судски или правен случај за младите жени-Риби. Ќе има некои промени во личните односи, особено оние кои создаваат непријатност во последно време. Ќе бидете начисто во однос на желбите на луѓето кои сакаат да ве искористат на некој начин, можеби и за пари. Ќе успеете да решите финансиски проблеми поврзани со одложено плаќање или документ. Вниманието што ќе го добиете од жена овој месец нема да биде случајно. Тоа нема да биде толку искрено колку што вие би сакале да биде. Само прашање на време е кога ќе сафтите што се крие зад нејзината насмевка. Понепријатно е што сето тоа има врска со вашето потесно семејство.
Водич за мода: Рибите владеат со нозете и поради тоа многу Риби апсолутно обожаваат чевли. Рибите од двата пола имаат плакар полн со чевли. Сепак, збогатете ја вашата колекција од нашиот избор.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, додека хороскопот за накит ве чека тука.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk »