Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп за април, 2016

Реклама

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Маркетинг

Април е време да се стабилизирате финансиски бидејќи ќе има можности за повисок приход, поволно решавање на финансиски спор и друго. За жал, не сè што ќе постигнете или примите ќе биде доволно. Младите жени-Вага ќе бидат во голема мера вклучени во воспитување, школување и развој на децата. Заедно со нив ќе посетите различни образовни институции, центри за деца… Одличен месец за момчињата и девојчињата кои ќе имаат тестови или ќе аплицираат во ново училиште, работа или јавни институции. Ќе имате важни и големи очекувања поврзани со женско лице (роднина или пријателка), веројатно за помош или поддршка што ги очекувате од неа, ветување и слично. Важно или скапо купување или промена ќе ги израдува мажите-Вага. Тоа може да биде нов дом, куќа, вила, итн… Кај жените-Вага, малку нешта ќе зависат од нивните акции и дејствување. Повеќе треба да очекувате од природниот развој на вашите дела и обврски, отколку од настани на сила на еден или друг начин. 

Водич за мода: Хармонијата во вашиот изглед е клучна. Знаејќи го тоа, „Штипка“ ви предлага да ѕирнете во нашиот излог.

Маркетинг

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Во април очекувајте предмети/вести од машко лице над 35 години коишто ќе бидат основа за успех за вас – започнување нов проект, бизнис, промени во семејството – сè за добро. Ова ќе биде одличен месец за мажите-Шкорпија над 35 години кои ќе ги реализираат своите оригинални планови и очекувања. Конфликти се можни доколку слушате озборувања, интриги, или лажни информации за коишто мислите дека ќе влијаат врз вас лично или се однесуваат на лице од семејството. Април може да ве воодушеви со неочекувани пари, со можност за подобро платен професионален ангажман, нова работа и многу повеќе. Ова може да му се случи на вашиот партнер, а тоа ќе се одрази позитивно и на вас. Можни проблеми со жена над 35 годишна возраст – ваша пријателка, сосетки или колешка. Ќе сакате да купите нешто големо или да инвестирате за домот; дефинитивно ќе треба да разговарате со вашето семејство пред да донесете било каква одлука. Ќе стекнете вредни предмети или имот од некој од поширокото семејство. 

Водич за мода: Жените-Шкорпија зрачат заводнички дури и во наједноставните парчиња облека. За вас одбравме нешто специјално.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Април дефинитивно може да биде месец-катализатор за важни настани; еден по еден, тие ќе се развиваат во текот на годината и секој ќе ви донесе успех и ќе ги отвора вратите за нови можности и промени. Успешен развој на парница или нешто корисно за вас во врска со ваков настан. За вас сега е важно да добиете значаен документ, известување или предлог, што никогаш не се случило порано. Сега-засега ќе бидете малку нервозни  додека работите не ви станат појасни. Можни проблем со младо женско лице кое ќе има идеја дека може да ве измами или да ве искористи за свои цели. Време е да донесете конкретна одлука за иднините односи со неа. Младите мажи-Стрелец ќе имаат надеж за подобар успех во работата или бизнисот, зголемување на платата и приходот во целина и слично. Ќе имате чувство за претстојна промена поволна за вас. Ќе решите проблем со подвижен или недвижен имот. Завршување нанекои поправки или реновирања што сте ги започнале неодамна. Ненадејни гости ќе ви дојдат или вие ќе имате средба со жена постара од 35 години. Тоа дефинитивно ќе биде настан со позитивни емоции или причината за средбата ќе биде добра. 

Водич за мода: Без голема фрка, е вашата мантра, но сепак ви се допаѓа да бидете атрактивни. Имаме нешто посебно за вас!

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button