Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп за април, 2016

Реклама

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Ќе го запомнете април по добра и радосна вест во врска со тековната или нова работа/бизнис. Известување, важни информации или документи од финансиска институција. Сепак, може да бидете тажни или вознемирени поради минати финансиски проблеми или неволји поврзани со девојка, млада жена. Ако такво лице сака да позајми пари од вас, размислете добро дали треба да преземете таков ризик, особено ако се тоа пари кои наскоро ќе ви требаат. Претстои патување што ќе ви донесе пријатни средби со пријатели или роднини, или посета на интересно место. Ќе патувате повеќе од задоволство или од семејни причини, наместо за работа. Ќе присуствувате на прием или состанок со странци, нови луѓе веројатно поврзани со работа/бизнис. Жените-Близнаци ќе добијат екстра пари дома, но дефинитивно не од плата/пензија. Ќе бидете загрижени во врска со машко лице над 35 години кое не живее со вас – член на семејство или роднина на вашиот партнер. Сериозно размислувате за некои општи болести. Не треба да паничите сега-засега, но сепак внимавајте на здравјето. Момент на сериозно недоразбирање ќе се случи со машко лице, којшто може да предизвика сериозен конфликт и конфронтација. Избегнувајте конфликти во април. Нема да бидат успешни, ниту така важни за вас. 

Маркетинг

Водич за мода: Двојната личност Близнаци се залага за сите видови стилови и outlook. Плакарот ви е полн со облека за секоја пригода. Но, не двоумете се да ја посетите нашата продавница – има нешто интересно за вас!

РАК (21 јуни – 20 јули) 

Маркетинг

Очекувајте важен настан поврзан со машко лице од семејството: роденден, именден, годишнина, пензионирање, итн. Ќе ви биде драго поради пари за кои не сте имале надеж, а коишто може да се поврзани со наследство… Генерално, сепак, финансиската тензија во април ќе биде поголема. За немажените/неженетите Ракови следат нтересни случувања во врска со патување или средба со романтичен партнер. Се разбира, може да се случи спротивното – некој да дојде да ве посети вам. Ќе бидете загрижени во врска со дете, со промените во неговиот живот, здравјето или други непријатности. Развојот на настаните, без оглед со што се поврзани, ќе биде успешен и за добро… Ќе бидете емоционално преоптоварени – чувство на навреда, болка, страв од неисполнети ветувања, надежи, а сето ова од страна на одредена личност. 

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Во април ќе има радост во вашиот дом или семејството поврзана со раѓање на женско бебе, роденден/веридба или свадба на ќерка, внука… Април ќе создаде тензии и конфликти во вашиот љубовен живот. Во повеќето случаи, ова вклучува губење на доверба, неисполнети ветувања или несигурност во дејстувањето и целите на партнерот. Настаните ќе ве принудат да воведете ред во овој важен дел од животот. Од друга страна, пак, наскоро може да очекувате добри вести од финансиска природа во врска со прием на пари преку документ, договор и слично. Сепак, ќе имате финансиски проблеми поради, на пример, повисоки сметки за комунални услуги или неразумно трошење на пари за помалку важни работи. Доколку се вклучите во решавање на имотен проблем со некој надвор од домот и семејството, тогаш очекувајте ненадејна постапки и одлуки што дефинитивно нема да бидат во ваша корист, или барем на некој начин ќе предизвикаат загуба. Пропуштената шанса во минатото сега повторно ќе ви го сврти вниманието и доброволно ќе се обидете да ја реализирате во некоја форма. Ова е нешто многу сериозно и затоа ќе сторите добро ако навистина темелно ја разгледате. 

Водич за мода: Вашиот стил има кралски белези – сјајност, спокојство и доверба. Погледнете што имаме одбрано за вас.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември) 

Април може да создаде проблеми за дете или внук кое живее далеку од вас. Ве загрижува неговото здравје, лични или професионални проблеми. Ќе бидете загрижени и за дете кое е на патување. Сега многу работи ве загрижуваат или создаваат непријатност, но тоа е повеќе како внатрешно размислување, а не нешто како реално во вашиот живот. Подобро е да барате начини да ги смирите или потиснете ваквите грижи. Бројни нови излегувања и состаноци за младите мажи-Девица. Бидете внимателни, бидејќи зад секоја насмевка не стои секогаш и добро срце. Обидете се да почувствувате кој е кој, пред да се појави проблем или дилема. Ова ќе биде многу успешен месец на професионален план. Нема да има само зголемување на приходите, туку поголемо задоволство и од обемот на работа што ќе ја завршите и од квалитетот. Во некои случаи, ќе има постојан и стабилен раст на приходите или платата. Сега ќе ви биде драго за нешто што во минатото што не сте го направиле, и покрај тоа што сте доживеале некоја загуба/неуспех. Ќе знаете дека причината за тоа е ваша, бидејќи сè се случува во вистинското време, а не според вашите желби. Важен настан во домот ќе биде поврзан со млада жена. Тоа може да биде поради нејзин именден, некоја прослава, веридба, свадба, враќање од патување или од работа/студирање во друг град/земја и слично. 

Водич за мода: Вие носите и разголена или смела облека, но може да изгледате сензационално дури и во обична. Ќе се изненадите од нашиот избор за вас; едноставно кликнете тука.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button