„Милионерите немаат свој астролог, милијардерите имаат!“, рекол Џ.П.Морган, американски финанасиер и банкар
Џин Артур (1900-1991), холивудска глумица од ’60-тите, со Чарлс Боер во филмот „Историјата се создава во текот на ноќта“
ОВЕН (21 март – 20 април)
Ќе бидете радосни поради патување што може да вклучи и работа и задоволство. Ќе се сретнете со семејството или пријателите. Ќе бидете воодушевени од добра вест, покана или подарок. Очекувајте важни настани или почеток на нови активности. Запознавање или работа со нови луѓе или промени на работното место или во бизнисот. Можеби ќе сакате да си ја испробате среќата аплицирајќи за нова позиција. Ова ќе биде бавен процес или успех, па бидете трпеливи. Жените-Овен лесно ќе влегуваат во конфликти и противречности со луѓе кои се зајадливи и одмаздољубиви. Размислете многу внимателно што го запалува оганот, каде и со кого… Успешно ќе продадете дрвена граѓа или имот што не го користите. Плаќањето, сепак, ќе биде бавно, на рати или под други услови. Ќе има собир во вашиот дом или домот на родителите од посебна причина.
Водич за мода: Родените под овој знак се трендесетри за мода и облека. Кликнете овде да видите што „Штипка“ ви предлага за оваа пролет.
БИК (21 април – 20 мај)
Ќе добиете подарок или ќе купите нешто што одамна сте го меркале. Постои веројатност да стекнете имот или да управувате со нешто што ќе биде добар почеток за вас. Неочекувани проблеми во семејството ќе ви покажат дека сте заборавиле да обрнете внимание на малите проблеми при крајот на март. Тие сега се многу поболни и мора да се решат. Ќе стекнете нови познанства, нови пријателства од романтична природа, како и такви што се поврзани со заеднички интереси и цели. Ќе имате можност да обновите пријателски односи со стара љубов или поранешен брачен другар. Тоа ќе ви претставува големо задоволство. Во некои, но не сите случаи, ќе има враќање кон стариот, интимен партнер врз основа на грешки направени во минатото, за кои сега може да добиете прошка. Бидете внимателни со трошоците за деца. Може да се занесете премногу и да се најдете во непријатна ситуација. Младите мажи-Бик ќе добијат неочекувана шанса или предлог. Тешко дека ќе донесете одлука. Ќе ви биде потребно извесно време да се уверите дали ова е вистинската работа или некој си игра со вас.
Водич за мода: Вашата облека мора да биде удобна и женствена. Видете овде што одбравме за вас.
Премини на следната страна >>