Препораки

Голем интерес за Есенскиот базар на автентични производи

Advertisement

Деновиве на приземјето од трговскиот центар во City Mall, за време на одржувањето на Есенскиот базар има значително зголемена раздвиженост на посетители, кои се заинтересирани да ги погледнат и купат уникатните уметнички производи, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци.

Advertisement

Повеќе од 20тина artisans – уметници преку 18 брендови ги покажаа пред јавноста своите најнови креации како филигран и модерен накит, рачно изработени чанти и чевли, дрвени пеперушки, оригинално нацртани маички, саксиички, сувенири и играчки за деца, брошови, уметнички слики, урбани принтови и рачно изработени шалови на разбој. Станува збор за имиња и брендови како Mei Ro, Глигор Кузмановски, Ani Soro, Shoewondercrafts, Woodyz, Morpho, Kare workshop, Little things, Farina’s handmade, Карло Хорват, Em Ellephantski, Елена Ристовска, UrbanЕra, AnArt, Huggable Dolls – amigurumi, Mighty jewlery, Bulberry и Windmill Shop.

Преку фотографиите на Томислав Георгиев во прилог ви ја пренесуваме одличната атмосфера и непосредна интеракција меѓу уметниците и посетителите на 18те дискретно декорирани штандови во знакот на есента, кои пак самите автори ги дообоија со своите уметнички дела.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button