Интервју

Голем дел од моите соништа се исполнети – искрено со Мишел Трајковски

 Да се биде рамо до рамо со едни од најдобрите вокални и инструментални изведувачи од нашата естрада е голема привилегија за мене, вели Трајковски

Реклама
Реклама

Атрактивниот музичар Мишел Трајковски, миленик на женската публика е момчето што прави бум со својата хармоника.

Мишел кога и да засвири сите се на нозе!

Маркетинг

Тој е талентиран, но и професионален изведувач кој стана препознатлив по својот стил на изаразување. Компонира модерна музика и со неговоте комбинации на нотите помага новите генерации да се вљубат во мелодијата што произлегува од овој инструмент. Прави совршен спој ан тардиционалното со модерното.

Неговиот уникатен израз го препознаваат и врвните музичари, па не случајно е постојано во друштво со звучните, веќе докажани  имиња од естрадата.

Маркетинг

 

Се сретнавме со Мишел и направивме одличен разговор, го распарашавме и за кариерата, но чепнавме малку и за приватноста.

Уживајте во нашиот разговор …

Постојано сте рамо до рамо со познатите ѕвезди од естардата. Задоволен ли сте како ја градите музичката кариера, дали ова беше вашата некогашна желба кога се одлучивете да се занимавате со оваа професија ?

Да се биде рамо до рамо со едни од најдобрите вокални и инструментални изведувачи од нашата естрада како што се Џамбо Агушев, Наум Петрески, Дамир Имери, со неодамна починатиот Ферус Мустафов, легендата на ромската и македонска музика, најдобриот басист на балканот Иван Кукиќ, е голема привилегија за мене.

Чувството е неописливо и секоја минута помината со нив е едно големо искуство за мене. Никогаш не се знае што животот ќе ми донесе понатаму, но засега знам дека голем дел од моите соништа во однос на соработка со сите овие личности ми е исполнет.

Вашата песна со Игор Џамбазов стана вистински хит. Раскажете ни како настана оваа соработка? Какво искуство за вас донесе оваа песна?

Токму така. Станува збор за нашатa авторска песна со наслов ,,Ќе те женам, ќе те сменам” која е всушност главната музичка тема на најновиот и најгледан македонски филм ,,TE DUA жими мене”. Со Игор Џамбазов сме пред се големи другари и можеби и затоа имаме беспрекорна соработка.


Пред само неколку недели бев гостин на неговиот јубилејен концерт кој се одржа во Македонската филхармонија.

Најголема улога во оваа наша приказна има мојот брат Гоце Трајковски – Тарантино кој е дипломиран режисер, и секако во Јануари следува нов проект заедно со Игор, мојот брат Гоце, и мојата хармоника, се разбира :)

Оваа песна ми донесе нови соработки во филмската индустрија.

Секој викенд настапувате со Наум Петрески, каков е тој како колега?

Наум Петрески е легендата на македонската песна, и тука завршуваат дилемите во однос на вокалната изведбата и музиката како тема. Искуството и соработката со него не може да се прераскаже, тоа треба да се доживее. Тоа што е Ибраим Татлисес за Турција, Цуне Гојковиќ за Србија, е Наум за Македонија. За кого верувам дека оддамна требаше да ја добие титулата на ационален вокален интерпретатор, амбасадор на Македонската песна…

Знаеме и дека сте кум на Дамјан Стојановски. Од кога сте пријатели и како дојде до моментот да станете толку блиски другари? Дали сте имале и музичка соработка досега?

Со Дамјан Стојаноски сме другари од средношколските денови, и ми е особено драго што сум негов Кум.

Нашата прва музичка и професионална соработка со Дамјан се случи во 2013 година, со песната ,,Ивана” каде што јас се појавувам како автор и хармоникаш.

Во текот на оваа година имавме голем број на заеднички настапи на свадбени веселби како и приватни забави.

Се чини како да сте постојано со вашата хармоника, не се одделувате 😊 Дали хармониката е единствената ваша љубов или има и некоја девојка за која јавноста не знае? Дали сте заљубен?

Голем дел од денот го поминувам со мојот инструмент на различни начини. Во студио додека снимаме, на настапи, додека вежбам во мојот дом, работно со мои ученици, проба со моите колеги итн.

Хармониката не е единствената моја љубов. Заљубен сум во повеќе нешта. Слободното време го користам да уживам во тие нешта кои едноставно ме прават среќен.

Дали имате можеби и друг талент покрај хармониката? Сте размислувале ли некогаш за друга професија?

Јас сум дипломиран Етномузиколог, во моментов сум на Мастер студии. Оваа година на кратко се појавувам во една филмска сцена.

Секако желбата е преголема за такво нешто, и зошто да не, доколку Гоце процени дека можам тоа да го сторам во некој од неговите следни филмови би бил навистина среќен.

Тешко ли е да се одржува една хармоника?

Хармониката како и сите други музички инструменти треба внимателно да се чува и одржува. До овој момент мојот инструмент беше препуштен во рацете на д-р Киро Шишковски – кој е задолжен за целокупниот изглед, звукот на хармониката.

Колку хармоники сте промениле досега? Колку вкупно имате дома?

Во текот на моето изучување на хармониката, променив повеќе модели на хармоника. Во моментов го имам оној инструмент кој од секогаш сум го посакувал.

Каква мзуика сакате да слушате приватно?

Во овој период од годината особено пред новогодишните и божиќни празници обожувам да слушам песни од Френк Синатра и Дин Мартин, особено ме враќааат во детството кога заедно со моите најблиски ги дочекувавме сите тие овие божиќни и топли моменти.

Кога сме кај хармоникашите уживам со Ричард Галијано, еден од најголемите светски хармоникаши, Од гитаристите би го одвоил Пако дe Лусиjа, да не го заборавам легендарниот пијанист Чик Кориа, и секако триото ,,Лос Панчос” од Мексико.

Со оглед на вашата професија сигурно немате многу слободни викенди, но ете, каде вие сакате да излегувате?

Секое слободно време го поминувам во моето маало во Ѓорче Петров, во некој од кафичите во Влае, и секако пешачење на кејот на Вардар.

Што правите во слободното време , како се релаксирате?

Секогаш се релаксирам гледајќи ги фудбалските натпревари на стадионот на Фк. Македонија Ѓорче Петров, добро дерби на Фк. Вардар, и се обидувам да не отсуствувам од натпреварите на нашата најдобра македонска фудбалска репрезентација.

Кои се вашите планови за дочекот на Нова Година?

Дочекот на новата 2024 година одлучив да го поминам заедно со моите најблиски и фамилијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button