Реклама
Шминка

На самиот почеток од оваа година ослободете се од непотребната шминка

Реклама

На самиот почеток од новата година, повеќето луѓе донесуваат одлуки со кои би сакале да го променат животот кон подобро.

1 shminka

На самиот почеток од новата година, повеќето луѓе донесуваат одлуки со кои би сакале да го променат животот кон подобро. За да направите уште еден успешен чекор, овој пат во вашата козметичка торба, ослободете се од непотребната шминка. Еве што поточно треба да офрлите.

Маркетинг

Скршени шминки

На повеќето жени им е жал да ја отфрлат скршената шминка. Најчесто тоа им е нешто омилено, а понекогаш тоа им е драг подарок од некоја личност. Без разлика која и да е причината, најдобро е да се ослободите од неа, затоа што може да ви ја уништи и останатата шминка во несесерот.

Маркетинг

Исушена маскара

Кога се користи маскарата, таа се суши по малку, а со секое вадење на четката, потенцијално се внесуваат бактерии. Ако видите дека тешко ви оди нанесувањето маскара, тогаш тоа е првиот знак дека треба да се ослободите од неа.

Кармин кој е постар од година и пол

Рокот на траењето на карминот е помеѓу 12 и 18 месеци. Тој содржи состојки кои се уништуваат по рокот на траењето, а може да имаат и непријатен мирис. Штом ќе почувствувате дека нешто не е во ред, фрлете го пред вашите усни да станат погодно тло за бактерии.

Шминка која подолго време стоела во автомобилот

Неретко се случува жените да чуваат шминка во својот автомобил. Тоа се обично некои дупли козметички производи кои се користат најчесто. Но, шминката може само одредено време да стои на топло или студено време, а ако тоа се повторува, посебно ако повеќе време стои на жешко, може да се деактивираат активните состојки и да има непријатен мирис. Се препорачува што помалку шминка да чувате во вашиот автомобил.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button