BEAUTYДиети

Го забрзува цревниот транзит за 37%, а телото ги „гори“ мастите и додека спиете – што е фajбермаксинг, новата диета што го збудале светот

Со фajбермаксинг се губат до 1,8 кг чисти масти за 7 дена, без да промените ништо друго во исхраната! 

Advertisement

Научно докажаната револуционарна диета базирана на зголемен внес на растителни влакна предизвика голем интерес токму поради брзото топење на килограмите, а го забрзува метаболизмот 24/7, односно мастите се топат и додека спиете!

Имено, растителните влакна (на англиски – фajбер) се новиот суперхерој на слабеењето! Според најновото истражување од Харвард (Harvard T.H. Chan School of Public Health), луѓето кои секојдневно внесуваат над 30 грама влакна губат до 1,8 килограми чиста маст за само седум дена и тоа без да променат ништо друго во исхраната.

Advertisement

Токму растителните влакна ги врзуваат шеќерите и мастите уште пред да стигнат до крвотокот, создаваат долготрајно чувство на ситост што трае повеќе од четири часа и го забрзуваат цревниот транзит за импресивни 37 отсто. Резултатот е фасцинантен – телото почнува да гори резервни масти како гориво, дури и додека спиете, претворајќи го ноќниот одмор во таен сојузник за витка линија.

Фajбермаксинг (Fibermaxxing) не е обично зголемување на растотелни влакна во исхраната, туку тоа е намерна, стратешка офанзива против подуеноста, заморот и вишокот килограми.

За разлика од површните диети, овој тренд цели кон исполнување или надминување на препорачаните 25 до 38 грама дневно, со фокус на оптимизација на целокупното здравје, а особено на цревата, кои се вистинскиот команден центар на телото. Кога растителните влакна се консумираат во максимална доза, телото се буди, се прочистува и се трансформира.

Advertisement

Научните придобивки се толку моќни што личат на сценарио од иднината: варењето станува беспрекорно, апетитот се контролира природно, воспаленијата се намалуваат како по волшебно стапче, ризикот од дијабетес тип 2 и срцеви заболувања опаѓа драстично.

Па дури и расположението и енергијата се издигнуваат на ново ниво преку волшебната врска меѓу цревата и мозокот, која обезбедува стабилност на невротрансмитерите и кристална ментална јасност.

Како да ја применувате диетата?

Почетокот е едноставен и достапен: додавајте овошје и зеленчук на секој оброк, заменете го белото со интегрално, воведете чиа или ленено семе (најдобро во јогурт), и пијте вода со секој залак.

На пример, еден ден јадете чиа пудинг и бобинки за појадок, леќа со салата за ручек, јаболко со бадеми за ужина и киноа со зеленчук за вечера, и ете, внес на 38 грама растителни влакна се постигнати без мака, а телото ве наградува постигнувајќи ново ниво на виткост и виталност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tim Spector MSC FRCP MD FRSB OBE (@tim.spector)

Клучни намирници што го прават Fibermaxxing непобедлив

Заборавете на скапите суплементи за забрзување на метаболизмот, зашто вистинската моќ лежи во разновидната, вистинска и здрава храна што го претвора секој оброк во бомба со растителни влакна. Еве ги шампионите што мора да ги вклучите во искраната секој ден:

Чиа семе (11 г влакна / 2 лажици) помешани со чаша вода или половина чаша јогурт – се „надубуваат“ во желудникот како гел, создавајќи ситост за следните пет часа.

Ленено семе (8 г влакна / 2 лажици) – полно е со омега3 и растителни влакна што значи двоен удар – против наталожените масти но и против воспаленија.

Авокадо (10 г влакна/ 1 парче) – кремасто, вкусно, полно со здрави масти.

пекселс

Брокула (5 г влакна / 1 чаша) – антиканцероген, детоксикациски, нискокалоричен сојузник во диетата.

Леќа (15 г влакна/ 1 чаша, варена) – протеини и влакна за совршен ручек.

Јачмен (6 г влакна / 1/2 чаша) – го намалува холестеролот како по команда.

Бобинки, односно малини, капини (8 г влакна / 1 чаша) – антиоксиданти, сладок вкус без шеќер, одлични за десерт.

Јаболка со кора (5 г влакна / 1 средно јаболко) – пектин што ги врзува мастите.

Бадеми (3,5 г влакна / 23 парчиња) – задоволуваат глад за слатко.

Киноа (5 г влакна/ 1 чаша) –- комплетен протеин плус растителни влакна, одлично за вегетаријанци.

Секоја од овие намирници е и природен регулатор на шеќерот, мастите и апетитот, а заедно создаваат синергија што го ресетира метаболизмот.

7-дневен Fibermaxxing план: 35+ г растителни влакна дневно, без глад и вкусно!

Почнете полека (првиот ден +5 г влакна над вашиот сегашен внес), зголемувајте постепено. Пијте минимум 2,5 л вода дневно. Секој оброк е брз, достапен и вкусен.

Ден 1 (~38 г растителни влакна):

Појадок: Чиа пудинг (2 лажици чиа + бадемово млеко + половина банана).

Ручек: Леќа (течна како супа) со морков и спанаќ.

Ужина: Јаболко + 10 бадеми.

Вечера: Пилешко на скара, салата со брокула и киноа.

Ден 2 (~36 г):

Појадок: Овесна каша со ленено семе, малини и цимет.

Ручек: Јачмен-рижото со печурки и грашок.

Ужина: Авокадо тост (половина авокадо на интегрален леб).

Вечера: Печена риба со аспарагус и слатка пченка.

пекселс

Ден 3 (~37 г):

Појадок: Смути со спанаќ, киви, чиа и протеин во прав.

Ручек: Салата од наут со домати, краставица и фета.

Ужина: Моркови (стапчиња) + хумус.

Вечера: Ќофте со брокула и интегрален ориз.

Ден 4 (~39 г):

Појадок: Грчки јогурт со бобинки, ленено семе и мед.

Ручек: Риба или пилешко со магдонос, домати и лимон.

Ужина: Круша + 5 ореви.

Вечера: Чили со црвен грав и авокадо.

пекселс

Ден 5 (~35 г):

Појадок: Омлет со печурки, пиперки и интегрален тост.

Ручек: Пилешко со печен зеленчук (тиквички, модар патлиџан).

Ужина: Пуканки (3 чаши, без путер).
Вечера: Лосос со спанаќ или со јачмен.

Ден 6 (~37 г):

Појадок: Чиа палачинки (брашно од овес + чиа) со јагоди/бобинки.

Ручек: Паста од леќа со сос од домати и босилек.

Ужина: Целер + путер од кикиритки.

Вечера: Сардини со салата од киноа и нане.

Ден 7 (~38 г):

Појадок: Смути од авокадо со какао и ленено семе.

Ручек: Чорбест грав со интегрален леб.

Ужина: Капини/бобинки + грчки јогурт.

Вечера: Печена тиква со цимет и наут.

Совети за успех:

Додавајте 1 лажичка чиа или ленено семе во секој оброк, на тој начин ќе го зголемите внесот на растителни влакна. Користете интегрално секогаш (леб, тестенини, ориз). Јадете ја кората на овошјето – таа е полна со растителни влакна. А, ако почувствувате надуеност, намалете за 5 г растителни влакна следниот ден и пијте повеќе вода.

фото-пиксабеј

Сепак, како и секоја револуција, и оваа револуционерна диета бара претпазливост. Пребрзото зголемување на внесот на растителни влакна може да предизвика стомачни тегоби, надуеност или грчеви, особено без доволна конзумација на вода. Затоа, првата недела нека ви послужи за адаптација во диетата, внесувајќи секој следен ден се поголема доза на растителни влакна.

Значи, почнете полека, разновидно и хидрирано, и гледајте како килограмите се топат, енергијата се буди, а здравјето блеска.

А, нутриционистите се повеќе се согласуваат дека подобра диета од фајбермаксинг до сега не е изумена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button