Го славиме заштитникот од безнадежност и страв: Ако го направите ова денес, Свети Јануариј ќе ве чуе и ќе ви помогне!
Чудата не се бајка од минатото. Тие се тука – меѓу нас. Треба само да го направиме првиот чекор. Да верувате.

На 4 мај го славиме Свети Јануариј, епископот и маченикот чија вера ниту огнот, ниту ѕверовите, ниту мечот не ја поколебаа.
Моштите на овој светител почиваат во Неапол, Италија, каде што до ден денес се случува едно од најнеобјаснивите чуда во христијанскиот свет – неговата исушена крв станува течна пред очите на верниците.
Ова чудо не е само симбол – туку знак на предупредување или благослов. Историјата памети дека кога крвта на Свети Јануариј не се разредила, набргу следеле катастрофи – како Втората светска војна или разорниот земјотрес во Италија.
Но кога чудото се случува, тоа се толкува како потврда дека светителот нè штити.
И минатата година, на 4 мај 2024, чудото повторно се случи – крвта оживеа, што за многумина е знак дека неговата благодат и понатаму е жива меѓу нас.

Што можете да направите денес за да ве чуе Свети Јануариј?
Наместо класично палење свеќа, се препорачува да направите дело на надеж – повикајте некого што одамна не сте го слушнале, некому што изгубил волја за живот, и подарете му збор на охрабрување.
Свети Јануариј не е само заштитник од вулкани и епидемии – тој е заштитник на сите што се борат со безнадежност, со страв и со чувство дека се заборавени.
Чинот да ја вратите верата на некого преку збор или гест се смета за најсилна молитва кон него.
Верниците во Неапол со векови сведочат за чуда на неговиот гроб – жени кои станале мајки по години безплодност, болни што оздравеле, мајка што го оживеала синот-единец положувајќи ја иконата на неговото тело.
Свети Јануариј не е далечен – тој е жив во сите што веруваат, се надеваат, и што не се откажуваат од добрината.