Жежок и на потпетици, со светкав outfit и „ала Victoria’s Secret” долен веш под кабината – вака некако би ја опишаlе новата верзија на Nissan Juke, наречена Nismo.
Nissan Juke Nismo e новата, тангирана верзија на Standard Juke моделот на познатиот јужнокорејски производител на автомобили, која ќе биде ’лансирана‘ заедно со уште некои модели ( Juke – R и DeltaWing) на претстојното автомобилско шоу – Le Mans 24 Hours.
Иако се уште не се објавени детали и моќни фигури, за car junkies читателите на нашиот портал, ние разбравме дека моторот ќе биде дотерана верзија со моќност од 187 коња и 1.6 литарски турбак со injection вбризгување. Шасијата му е стегната и заедно со засилениот момент на вртежи на моторот, ветува дека ќе ја испорача потребната сила и моќ.
Во новата и подобрена работа на телото на Nismo, Nisan вклучува и нови задни и предни стилски вградени браници, помускулести но витки измени на кабината околу тркалата и спојлерите – со тркала, односно гуми од 18 инчи.
Моделов е направен но Велика Британија и се очекува да излезе во редовна продажба на пазарот во почетокот на 2013 година, на почетокот во Европа, за потоа да следат и САД и Јапонија. А благодарение на нас, вие имате можност уште од сега да видите како ќе изгледа, без да мора да се мачите да одите до Франција на споменатото шоу.
Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.
Врати се на првата страна.