Го препознавате ли овој брачен пар од Македонија на фотографијата? Целиот Балкан ги обожава…
Тие и двајцата се познати пејачи од Македонија, за нив често пишуваат и медиумите од соседството
За нивната љубовна приказна слушна и целиот регион
Познатата македонска поп-фолк пејачка Ленче Кукиќ и нејзиниот сопруг Горан Кукиќ се еден од ретките естрадни парови кои имаат складен брак речиси цели три децении. Тие следната година и официјално ќе ја прослават јубилејната 30-годишнина, а круна на нивната љубов е синот Иван кој исто така е музичар.
И како што пејачката често откривала за медиумите, во својот сопруг е страсно вљубена од првиот ден, но и тој во неа.
Се запознале случајно, на свирка, а Ленче во тоа време иако била многу млада, веќе била позната како пејачка.
Принтскрин/ Јутуб
Горан тогаш ќе замина во Австралија, а по неколку години, откако ќе се врати, тие ќе ја започнат нивната врска која и денес трае.
И како што самата Ленче во една пригода ќе открие, Горан по враќањето во Македонија и нивната повторна средба ќе ја освои веднаш со својот шарм и убавина со која ја потсетувал на Елвис Присли, а по некое време тој ќе ја побара и за жена и ќе запловат во брачните води.
Принтскрин/ Јутуб
„Нашата љубов трае 30 години која ни донесе и прекрасен син Иван кој земал се од нас, врвен музичар гордост за нас. Неговите успеси и работа штотуку ќе излезат на виделина“, изјави во една пригода Ленче за Гламур.
Приватна архива
„Во сите успеси можам да кажам дека до мене имам една заштита и голем соработник и сопруг кој неизмерно и храбро ми помага околу сето тоа што го твориме и како единки и заедно“, додаде пејачката во интервјуто за Гламур магазин, а како изгледале таа и нејзиниот сопруг во младоста, погледнете од нивната свадбена фотографија на која и двајцата се пресреќни и си блескаат еден покрај друг.