Реклама
Препораки

Го прашавме ЧатГПТ каде и како да најдеме евтин стан – неговиот брз одговор не остави без зборови

Можеби за хамбургери и нема некое големо искуство, ама затоа пак за станови е махер!

Реклама

Повторно си направивме „чорбаџиски“ муабет со ЧатГПТ. Овој пат го прашавме каде во Скопје можат да се најдат најевтини станови. И самите се изненадивме од неговиот одговор…

Но пред да преминеме на она што вештачката интелигенција ни го одговори, да се потсетиме на евтиниот рецепт што ни го понуди неодамна – рецепт за македонска пита со компири (види тука). Што се однесува до тоа колку би чинел најевтиниот ручек во Скопје, овој наш „дистопијски“ пријател ни препорача да посетиме некој ресторан и да си порачаме пита, сарма или скара, односно сендвич или парче пица од сендвичара или пекара, и поштено да се накркаме.

Е сега, не беше толку добар, па да ни го препорача евтиниот хамбургер како оној од сендвичарата Хит во Маџари за кој ви пишувавме неодамна, а кој се продава по цена од неверојатни 100 денари (види тука), но затоа кога станува збор за станови, и тоа од оние поевтините што можат да се најдат во Скопје, навистина ја погоди целта.

Маркетинг

И како што вели ова наше ново необично пријателче, „цените на становите во Скопје варираат во зависност од локацијата, големината, состојбата на објектот и други фактори“.

Маркетинг

„Но ако бараш најевтин стан, најчесто ќе ги најдеш следниве опции“, ни одговори ЧатГПТ, па го додаде и следново:

Станови во периферијата на Скопје

На пример, во општините како Шуто Оризари, Карпош, Бутел или Лисиче може да се најдат поевтини станови во споредба со централните делови на градот.

Принтскрин/ Гугл

Мали станови (студија или гарсониери)

Ако не ти треба голем простор, студиото или гарсониера може да биде многу поевтина опција. Овие станови често се најевтини во старите згради и се наоѓаат во различни делови на Скопје.

Нова градба

Понекогаш, понудите за новоградби можат да бидат поволни ако се наоѓаат во нови или помалку развиени делови на градот, каде цените на недвижностите сè уште се во пораст.

Понуди за изнајмување

Ако бараш евтин стан за изнајмување, најпопуларни се опции во станбените зони што се поблиску до јавни превозни средства и поголеми супермаркети, а понудите се различни во зависност од сезоната.

За најновите понуди и актуелни цени, најдобро е да провериш веб-страници и платформи кои се специјализирани за недвижности во Македонија, вели ЧатГПТ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button