Го прашавме „Чат ЏПТ“ кои се најпознатите пејачи во Македонија – ќе се изненадите од одговорот
Интересен муабет си направивме...

Прочитајте што ни кажа вештачката интелигенција, па споделете го и вашето мислење во коментарите на Фејсбук…
Еве што вели нашето „виртуелно“ пријателче за тоа која пејачка е најпозната во Македонија, но и зошто е тоа така.
Имено, според ЧатЏПТ најпозната пејачка во Македонија е Каролина Гочева која воедно е и еден од најистакнатите музички брендови во нашата земја. Каролина е позната и како македонската дива или македонската поп-кралица, со успешна кариера уште од 1991 година со богата дискографија која вклучува и поп и етно-џез елементи, вели вештачката интелигенција.
Инстаграм
Покрај Каролина, за ова „дистописко“ пријателче други најзначајни имиња од нашата музичка сцена се Калиопи и Тамара Тодевска.
И на крај, гледано историско, за Чат ЏПТ Есма Реџепова е највлијателниот и најзначајниот вокал во 20 век во Македонија. Позната и како „Кралица на Ромите“, Есмеа ја афирмираше ромската музика на светската сцена и е една од 50-та највлијателни гласови во светот.
Инстаграм
Како заклучок вештачката интелигенција го наведува следново:
„Денес најчесто се смета дека најпозната македонска пејачка е Каролина Гочева, додека Калиопи и Тамара Тодевска се меѓу најзначајните и најпопуларните во земјава и регионот. Историски, Есма Реџепова има огромен културен значај како икона на ромската и македонската музика“, пишува во одговорот од Чат ЏПТ.
Принтскрин/ Јутуб
Најпознат пејач во Македонија?
Што се однесува пак до тоа кој е најпознат пејач во Македонија, како одговор од Чат ЏПТ го добивме името на Тоше Проески. Но покрај Тоше, кој според вештачката интелигенција не само што е најпознат, туку и најомилениот и највлијателниот македонски поп пејач, како други значајни машки пејачи се наведени и Драган Мијалковски, македонскиот „Бисер балкански“ Гоце Николовски и Борис Трајанов, оперски баритон со преку 700 настапи на светските сцени и еден од најуспешните македонски оперски пејачи.