Наши ѕвездиНега и здравје

Го победи канцерот, па испрати силна порака до сите – водителката среќна и никогаш поубава (фото)

Наздрави за животот, но и за победата!

Advertisement

Познатата водителка искрено за своето здравје

Водителката Лила Филиповска која пред неколку години се оперираше од рак на дојка, сега се огласи на социјалните мрежи и повторно отворено зборуваше за сојата здравствена состојба.

Advertisement

Имено, Лила откако ја доби битката со опаката болест редовно оди на контроли, а како што и самата изјави во една пригода, пред ваквите прегледи секогаш чувствува страв и неизвесност.

Но резултатите и овој пат се позитивни, па Лила се огласи на својот профил на Инстаграм и ги сподели следниве зборови:

„Денес чист пет-скен пријатели мои, животот е поубав. Само сакав да споделам и да потсетам да уживаме во животот што ни е даден за што понекогаш доцна сфаќаме.. Бидете ми здрави и живи“ напиша Лила во својата објава на социјалните мрежи.

Advertisement

Инстаграм/ Лила Филиповска

Таа потоа објави и слика на која наздравува со чашка во раката, а на истата напиша: „На здравје, за животот!“

Потсетуваме, на водителката пред неколку години и беше откриен рак на дојката, по што следуваа бројни прегледи, па операција во Турција, хемотерапии, но на крај и добри вести – го победи ракот!

Инстаграм/ Лила Филиповска

Поддршка и инспирација за многу жени

Како што самата водителка откри во една пригода за нашите медиуми, таа поминала цела една сезона на снимањето на квизот „Сé или нешто“ со перика, па денес ги советува жените, но и младите девојки кои одат на хемотерапија да не бидат загрижени ако им падне косата и им дава поддршка во најтешките моменти.

Пред две години, на промоцијата на книгата на својата пријателка и позната хуманитарка и инфлуенсерка на Балканот, Ана Дорник, жена кој се има изборено со ракот, Лила во својата емотивна исповед за прв пат пред јавноста откри детали од нејзината борба со ракот.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Таа тогаш беше со кратка руса коса и блескаше, и покрај тоа што само една година претходно поминуваше низ најтешкиот период во животот. Но и таа и Ана на овој начин и со своите позитивни примери им помагаат на многу жени бидат победнички во оваа борба.

„Апсолутно е победлив ракот на дојка! Благодарам што сум тука за да видам како се прави ова, затоа што во иднина планирам да го правам буквално ова што го прави Ана – да бидам некому поддршка. Цел живот сум била некому поддршка од разни причини, на овој или оној начин, но првпат на овој и верувајте не е лесно“, зборуваше тогаш Лила на промоцијата на книгата „Ти си таа“ на нејзината пријателка.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Никогаш немала проблеми со здравјето

И како што самата откри тогаш Лила, водителката во нејзините 50 години немала речиси никаква болест претходно, односно освен прележан ковид, никогаш претходно не била болна.

Немала проблеми со притисокот, холестеролот, никакво други здравствени проблеми сé до денот кога ја слушната дијагнозата. Денес, таа смета дека тоа најверојатно и е од преголемата така по нејзиниот татко од чија смрт иако се поминати повеќе од 10 години, таа се уште не може да се избори со тагата.

„Јас не можев и сè уште не можам да се изборам со таа тага, а мора. Имам живот, имам дете, имам мајка, јас навистина знам дека сѐ почна од таа тага, којашто знам дека ја имам во галони и со која не можам да се справам и затоа сум лута сама на себе, зборуваше тогаш Лила откривајќи дека и нејзиниот татко починал од рак на хранопроводот, но и дека рак на дојка немал никој во нејзиното семејство.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Сине, канцер е ама ќе го средиме!’

Инаку, ова не беше единствен пат Лила јавно да зборува за својата болест и патот низ кој што поминала за да ја победи истата, а сето тоа го прави за поддршка на сите оние кои се соочуваат со истата дијагноза  Таа во една пригода отворено зборуваше и на една дискусија на Универзитетот ФОН во Скопје, кога исто така откри многу детали од нејзиното „патешествие“ како и за тоа дека 50 % била излекувана во Турција, а 50 % во Македонија, а во својот говор спомна и дека една од најтешките работи кога се соочила со дијагнозата ѝ била како да му каже на својот син дека резултатите се лоши.

„Тој ги чекаше резултатите од биопсијата. И кога ми ги кажаа резултатите, тој беше со мене и јас му реков ‘Сине канцер е ама ќе го средиме’“, изјави тогаш нашата позата водителка на оваа дискусијата.

Целиот нејзин говор слушнете го во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button