„Го најдов рајот“ – Згодната Илариа Кирилов во танга бикини ужива во Тајланд (Фото)

Македонскиот модел Илариа Кирилов повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи, откако од својот престој во Тајланд објави фотографии и видеа кои изгледаат како кадри од туристичка кампања.
„Го најдов рајот“, напиша таа под една од објавите, а следбениците не штедат комплименти за нејзините впечатоци од патувањето.
View this post on Instagram
Кирилов престојуваше на неколку егзотични локации заедно со Александар Динев, Евче и Викторија Лоба. Друштвото посетуваше знаменитости, пробуваше локални специјалитети и споделуваше весели моменти од патувањето.
Илариа, која важи за една од најпопуларните македонски инфлуенсерки, објави и серии фотографии од рајските плажи со тиркизна вода, каде што позира во минималистички бикини и го истакнува фит изгледот. Дел од објавите се направени во друштво на животни кои слободно се движат по плажите, што дополнително придонесе за егзотичната атмосфера.
View this post on Instagram
Најголем интерес сепак привлече моментот кога инфлуенсерката позираше целосно извалкана во кал, прегрнувајќи слон во засолниште за животни. Таа видно разнежнета напиша дека слоновите ѝ станале омилени суштества на патувањето, а во шега додаде дека би сакала „да си понесе една слоница дома“.



