Нема да ви се верува зошто најпознатата манекенка на светот на сите папарацо фотографии го крие своето лице
Таа важи за една од најплатените и најбараните модели на светот

Но токму затоа и никогаш не би погодиле зошто познатата манекенка пред папараците постојано го крие своето лице
Имено, Кендал Џенер освен кога не е на модните писти или на некоја гламурозен настан, позната е и по тоа што го крие нејзиното лице. Верувале или не, причината за тоа се – комплекси! Таа и покрај тоа што на професионалните фотографии изгледа беспрекорно, има големи комплекси поради нечистото лице – и тоа од најрана младост. Таа со години има проблем со акни и денес на лицето можат да и се видат белези. Токму затоа и го покрива лицето, додека сите маани на професионалните фотографии не се гледаат бидејќи се ретуширани.

„Акните имаа силно влијание на мојата самодоверба. Потполна ја уништија. Дури ни не гледав во луѓето додека зборував со нив, се чувствував како чудак. Додека зборував со рацете го криев лицето“, открива познатата манекенка во едно нејзино интервју. Иако овие неправилности одамна успеа да ги среди и поправи со помош на ласерски третмани, со кои акните воглавно ги држи под контрола, повеќе од очигледно е дека таа се уште се нема одвикнато од старата навика да го сокрива нејзиното лице.



