
Денешниов ден е полн со романтика. Мажите се растрчани на сите страни да го израдуваат понежниот полн со по некој цевт, буќет или подароче.

Цвеќарките денеска триеа раце, преполно пред нивните дуќани, се чекаше ред за цвеќе.
Целиот град денеска беше убав, раздвижен, личеше на пролет, со ова сонце коешто помогна темепратурата да скокне над 20 степени.
Сите насмеани и расположени, парковите полни, жените дотерани и сите со цвеќе во рака, некоја од нив и со повеќе цвеќиња, друга со букет…

Се купуваше до последенмомент за мама, за тета, за сопругата, за баба или девојката.
Откако се уморивме и огладневме се упативме до Рекорд да земеме по една пица. Додека чекавме ред нешто ни привлече внимание.
Младо момче стои со црвена ружа во рака. Со колегите почнавме да погодуваме дали е за мајка му или за некој друг. Но по неколку минути пристигна една прекрасно девојче и одговорот ни стана јасен, Се прегрнаа и тој ѝ го подари миризливиот цвет полн со љубов.

Љубов како на филм! – рече една колешка.
Сите се согласивме дека е сосема во право. Ова младо момче е нашиот џентлмен на денот! Момци учете од него!