LIFESTYLEВирално

Го имаме џентлменот на денот! Пред очите ни се случи љубов како на филм

Advertisement

Денешниов ден е полн со романтика. Мажите се растрчани на сите страни да го израдуваат понежниот полн со по некој цевт, буќет или подароче.

фото: Гламур

Цвеќарките денеска триеа раце, преполно пред нивните дуќани, се чекаше ред за цвеќе.

Advertisement

Целиот град денеска беше убав, раздвижен,  личеше на пролет, со ова сонце коешто помогна темепратурата да скокне над 20 степени.

Сите насмеани и расположени, парковите полни, жените дотерани и сите со цвеќе во рака, некоја од нив и со повеќе цвеќиња, друга со букет…

фото: Гламур

Се купуваше до последенмомент за мама, за тета, за сопругата, за баба или девојката.

Advertisement

Откако се уморивме и огладневме се упативме до Рекорд да земеме по една пица. Додека чекавме ред нешто ни привлече внимание.

Младо момче стои со црвена ружа во рака. Со колегите почнавме да погодуваме дали е за мајка му или за некој друг. Но по неколку минути пристигна една прекрасно девојче  и одговорот ни стана јасен, Се прегрнаа и тој ѝ го подари миризливиот цвет полн со љубов.

фото: Гламур

Љубов како на филм! – рече една колешка.

Сите се согласивме дека е сосема во право. Ова младо момче е нашиот џентлмен на денот! Момци учете од него!

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button