Познатите проблематични момчиња од Калифорнија, Guns n’ Roses, го потврдија својот настап на годинешниот Exit фестивал.
Првиот албум на овој култен бенд Appetite For Destruction е издаден во 1987 година, а нивниот последен албум во 2008 – Chinese Democracy. Нивната музика е комбинација од хард рок, блуз рок, хеви и глам метал, а нивните рокенрол химни Sweet Child Of Mine”, “November Rain”, “Paradise City”, “Knockin’ on Heaven’s Door”, “Don’t Cry” и “Welcome to The Jungle” се едни од најубавите и најслушаните рокенрол песни на денешницата.
Exit годинава ќе се одржи од 12 па до 15 јули, на Петроварадиснката тврдина во Нови Сад. До сега своето гостување го потврдија бендови како што се New Order, Wolfmother, Buraka Som Sistem и Gossip.
{youtube}oobDQ0vdm8M{/youtube}
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.