Реклама
Култура[тор]

Актери со гитара

Реклама

Штосот во кој пеачите на почетокот се само пејачи, а потоа станат и глумци на сите одамна ни има досадено. Но, што се случува во обратен случај?

Маркетинг

Chuck Norris, Don Johnson, Russel Crow, Keanu Reeves, Johnny Depp, Minnie Driver и Jennifer Love Hewitt се само некои од познатите Hollywood – ски пејачи и пејачки. А не смееме да го заборавиме ниту “Baywatch” легендата Mic Bjukenon т.е. David Hasselhof, чија што песна “Looking For Freedom” свовремено беше своевидна химна на рушењето на Берлинскиот Ѕид, а

Маркетинг

неговиот успех се мереше со постери во природна големина во Bravo. Најуспешен глумец – пејач е сепак филмскиот Ray Charles и оскаровецот Jamie Foxx, кој што пред неколку години помина 3 месеци на број 1 на американската топ листа на синглови со песната “Gold Digger”, израпувана во соработка со Kanye West.

Но нас лично највеќе внимание ни привлекуваа две бескомпромисни муцки со инструмент во рака. Првиот повеќекратно ја има спасувано Америка од терористи, а понекогаш дури и целата планета земја. Сите го знаете, се вика Bruce Willis, национален херој, а снимил 2, 3 албуми, со тоа што орвиот од 1987 носи име во филмски стил “The Return of Bruno”. Bruce свири усна хармоника, има пратечки бенд ’The Accelerators‘ и успешно настапува во камповите на американската војска и во меките на коцката, курвите и сите останати пороци – Atlantic City и Las Vegas.

alt

Minnie – со пеење се обидува да го достигне својот идол Mickey

Иако свири и пее очајно лошо, Bruce со бендот го прати ’rhythm and blues is my life‘ начелото, до кое се држи и самопритаениот будист, со долг и уреден коњски опаш и херој на еден куп ретардирани акциони филмови, Steven Segal. Уште од дете, во петата година е страствен љубител на гитарата, а воедно пишува и текстови (кои не се разликуваат многу од репликите кои ги изговара во филмовите). Во 54 – тата година од животот, пред 6 години, го издаде своето првенче “Songs from the Crystal Cave”, на кој гостуваат величини како Steve Wonder, членовите на легендарниот пратечки бенд на Bob Marley, The Wailers и dancehall дивата Lady Shaw. Албумот е комично кулерски урнебесен, баш како и филмските остварувања на Steven. Најчесто кокетира со blues, но бидејќи половина живот го има поминато во Азија, албумот е микс од Далечниот и Блиски Исток, будистички мантри, звуци од делтата на Mississipi и reggae и dancehall. На него Стево со жестокост пее за п***и на јамајкански patois јазик, кои го познаваат само ретки нејамајканци. Абе царот си останува цар!

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button