Крајот на годината секогаш е во знакот на магичните новогодишни денови
Еуфоријата веќе се чувствува во воздухот, но покрај накитените елки и светулки низ улиците, магичното расположение се познава и на луѓето, но и во нивните модни комбинации. Во овој период од годината од плакарите ги вадиме најраскошните парчиња од кадифе и романтична тантела, зачинети со светки и во бои на скапоцените камења, како и ефектните високи потпетици кои секогаш не носат директно во центарот на вниманието. Но покрај облеката, сега е вистинското време и за магијата на класичниот црвен кармин и ефектните и драматични линии направени со црна маскара и сребрена или златна сенка за очи (види го тука сетот Happy New year Beauty Box кој ги содржи токму овие три производи – плус маица и несесер), како и за сјајниот „glitter“ со кој ќе ја украсиме нашиот новогодишна маникир.
Но за да ги избегнеме грешките бидејќи сепак станува збор за една од посложените техники за маникир, и како најлесно да го создадеме оној совршен сјаен ефект, ќе ви откриеме неколку трикови кои мора да ги знаете пред новогодишната сезона. Овој пат на пиедесталот се сребрениот и златниот „глитер“ ефект кој го прекрива целитон нокт и неколку сјајни светки посипани преку лакот за нокти во „нуде“ нијанса до празничен маникир кој со помош на сјајот на оваа техника истакнува само еден нокт како и ноктите украсени со „glitter ombre“ ефект.
Како совршено да нанесете глитер лакт за нокти
Трикот за совршено нанесување на овој лај се крие во сунѓерчето. Наместо да го нанесете лакот со глитер четкичката на ноктот, нанесете неколку премачкувања со сунѓерче. За да обезбедите постојаност на глитерот, маникирот завршете го со премачкување со безбоен лак за нокти (нашиот предлог можете да го види тука)
#OmbreLook
За „омбре“ изглед вашиот глитер лак за нокти треба со помош на кист да го нанесете на горната половина на ноктот. Откако првиот слој од лакот ќе се осуши, нанесете уште еден на горната четвртина. Постојаноста постигнете ја со уште едно премачкување …
Како да го тргнете глитер лакот за нокти
Како во само неколку чекори да ги отстраните сите глитер светки од вашите нокти така што на памукче ќе го нанесете вашиот омилен производ за отстранување на лак за нокти (ви го предлагаме „Nail Polish Remover“ од Seventeen), ќе го потпрете за ноктот и со алуминиумска фолија ќе го завиткате. Истиот процес повторете го со секој нокт.
{youtube}5Owp18Uarg0{/youtube}
По пет минути тргнете ја фолијата и памукчињата. Заедно со нив ќе се тргне и глитер маникирот, а неколкуте преостанати светки отстранете ги со „buffer“ турпии за постигање на глатки површини.
Погледнете неколку одлични глитер маникири: