Нега и здравје

Главоболката и заморот ќе исчезнат по првата порција – евтина зимска намирница која е цар за решавање неколку акутни здравствени проблеми

Едноставна намирница која го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува варењето и ја зголемува енергијата, а главоболката и заморот ги решава по првата порција. 

Advertisement

Мислевте дека е тата-мата само за лекување мамурлак? Е, не е само за тоа.

Нашите предци добро знаеле што е здраво, а киселата зелка отсекогаш била нивен сојузник. Овој едноставен зеленчук може да спречи многу болести и да го зајакне организмот.

Advertisement

Еве како нашите стари ја користеле и кои се нејзините здравствени предности:

пекселс

Го зајакнува имуниот систем и го чува здравјето

Богата е со витамини, особено со витамин Ц, кој е клучен за заштита од болести и зајакнување на имунолошкиот систем.

Витаминот Ц помага на клетките, стимулира производство на колаген и ги зајакнува белите крвни зрнца, што го штити телото од инфекции и спречува развој на болести.

Го подобрува варењето

Киселата зелка е богата со влакна, па затоа значително ја олеснува дигестијата, ги намалува грчевите, надуеноста и запекот. Редовното консумирање го одржува дигестивниот систем здрав и функционален.

Ја зголемува енергијата и ја зајакнува крвта

Благодарение на железото што го содржи, киселата зелка ја подобрува циркулацијата, ја зајакнува крвта, го забрзува метаболизмот и помага во превенција на замор, главоболка и анемија. Нашите предци ја јаделе не само за физичка сила, туку и за енергија на духот.

Помага при рани, воспаленија и болки

Може да делува и надворешно, односно, помага при рани, реума, воспаление на вени, па дури и при чешање на кожа или убоди од инсекти.

пекселс

Традиционален старински рецепт за главоболка: ставете лист кисела зелка на челото и завиткајте со газа, така болката брзо ќе помине.

Едноставна, евтина и природна, киселата зелка и денес останува ценет сојузник во лекување и зачувување на здравјето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button