Наши ѕвезди

Главна тема на настанот беше оваа убавица, ама и Борче Министерот – новата песна ќе ве изненади

И двајцата изгледаа подобро од бројни ниви помлади колеги

Advertisement

Прекрасна, како и секогаш

Вчера во Скопје беше одржан познатиот „Фолк фест Роса 2025“ на кој настапија со нови песни бројни наши познати пејачи.

Advertisement

Еден од нив е и Борче Нуамовски, познат и мако Борче Министерот, кој со својата нова песна ги воодушеви сите.

Фејсбук/ Борче Наумовски

Но покрај песната, Борче привлече внимание и со својот стајлинг, посебно на фотографијата на која позираше со една наша позната убавица, чија беспрекорна појава и овој пат го украде шоуто.

Станува збор за нашата позната водителка Ирена Споровска, која за оваа специјална пригода носеше црна креација со која никого не остави рамнодушен. Во прашање е асиметричен фустан кој и стоеше како само за неа да беше скроен, а длабокиот шлиц мамеше погледи.

Фејсбук/ Борче Наумовски

Впечатливото и асиметрично деколте го истакна и овој дел од нејзиното згодно тело, а водителката стајлингот го заокружи со елегантни црни високи потпетици, црвен кармин и нејзината виткана коса.

Покрај неа блескаше и „Министерот“, облечен во црна кошула и панталони, во комбинација со сако во нежна розова нијанса.

Пејачот се фотографираше и со своите колешки, кои како договорени, сите носеа преубави црни тоалети.

Фејсбук/ Борче Наумовски

Погледнете ги и останатите фотографии,но и видеотоод новата песна на Борче, „Моја љубов, моја судбина“.

Фејсбук/ Борче Наумовски

Фејсбук/ Борче Наумовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button