Реклама
Коса

Ви ја претставуваме лајаж техниката: еден од најпопуларните трендови за коса на Инстаграм

Реклама

Заборавете на сите техники на бојадисување и нијансирање, бидејќи во мода е еден од најприродните начини на осветлување на косата.

По популарната балајаж техника, повторно ни пристигнува нов тренд, кој според првите пресметки и претпоставки претендира да ја надмине популарноста на сите досегашни техники на бојадисување на косата.

Маркетинг

Станува збор за најновиот метод лајаж (Layage) за осветлување и нијансирање на косата кој го нагласува обликот на фризурата и ги дели прамените во главна секција, додека бојата се шири и испреплетува на самиот крај од косата.

Маркетинг

Технички гледано, лајаж е малку посуптилна верзија на популарната омбре техника и може да се користи за создавање на природни, суптилни тонови или едноставно за освежување на косата, кога природната боја би требало да блеска и сјаи.

Посебно се важни самите краеви од косата кои требаат да добијат ефект на осветленост, а кои посебно се градат и надоврзуваат на остатокот од косата.

„Лајаж, впрочем како и балајаж (balayage) е техника во која фризерот со слободна рака ги отсликува прамените, како би формирал кохезивен спој на комплементарни тонови кои нудат димензија и длабочина на вашата коса“, Вели Мишел Кели, фризер во познатиот лондонски салон „Taylor Taylor at Liberty London“. За разлика од „balayage“ техниката, оваа техника се применува додека вие ја одмарате главата на специјално направен стол, а фризерот вашите краеви ги премачкува со боја со помош на специјална четкичка.

„Балајаж е техника која треба на вашата коса да и даде природен ефект со блескавост и сјај, како оној кој настанува од сонцето, додека лајаж е многу поинаков вид на осветлување на косата,“ додаде Мишел. Имено, новата боја на косата треба постепено да се гради, испреплетува и топи со природната боја на вашата коса, така што со помош на оваа техника ќе изгледа како тукушто да сте се вратиле од некое егзотично патување.

Добра работа кај овој тренд е што можат да го носат сите девојки, без разлика на бојата на косата.

Доколку сте русокоса, можете да го пробате ефектот на сонцето во косата, како Џиџи Хадид, а доколку сте се потемна коса, тогаш со оваа техника можете само да го осветлите краевите и да изгледате како Лили Олдриџ.

Други познати дами кои го пробаа вој тренд без многу размислување се Миранда Кер и секако, кралицата на трансформациите Ријана.

https://www.instagram.com/p/BjkRvY7g-l6/

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button