Гласот ѝ беше музика, сега ќе биде одлука: Позната пејачка влегува во Советот на Кавадарци!

Познатата поп-рок пејачка Наташа Малинкова (42) е официјален кандидат за член на Советот на Општина Кавадарци на претстојните локални избори. Нејзиното име се наоѓа на листата на независните советници предводени од Јован Златевски, и тоа на високо — четврто место меѓу вкупно 19 предложени кандидати.
Малинкова за порталот Викимедиа (Viki.mk) изјави дека се одлучила на овој чекор од искрена желба да придонесе за својот роден град, преку нови идеи и свежа енергија.
„Јас сум родена и израсната во Кавадарци и отсекогаш сум поврзана со луѓето овде – преку музиката, јавниот живот и секојдневната комуникација. Мотивот да се кандидирам доаѓа од желбата мојот глас и моето искуство да ги ставам во служба на граѓаните. Верувам дека независните кандидати можат да донесат нова перспектива и решенија надвор од класичната партиска политика. Сакам Кавадарци да биде град во кој младите ќе гледаат иднина, а сите граѓани ќе се чувствуваат слушнати и застапени“, рече Малинкова.
Познатата кавадарчанка, покрај музичката кариера, успешно се реализира и во бизнис-секторот. Таа е управителка на трговско друштво и сопственичка на познат салон за мебел во Кавадарци. Приватно, Наташа е сопруга и мајка на две веќе возрасни ќерки.
Инаку, Малинкова е посветена сопруга, мајка на две прекрасни ќерки и еден од најдобрите женски вокали во Македонија. Таа кариерата ја почна најпрво како дел од бендот „Багаж“, а потоа продолжи со својата соло кариера и важи за една од нашите најпознати поп-пејачки. Покрај тоа што е позната по својот раскошен глас, Наташа е на македонската сцена е позната како природна убавица која ужива во својата улога на мајка и сопруга.