CelebrityНаши ѕвездиНовости

Наша пејачка влегува во политиката – позната е по гласот и стасот, ама сега има нови амбиции

Познатата поп-рок пејачка Наташа Малинкова (42) е официјален кандидат за член на Советот на Општина Кавадарци на претстојните локални избори.

Advertisement

Познатата поп-рок пејачка Наташа Малинкова (42) е официјален кандидат за член на Советот на Општина Кавадарци на претстојните локални избори.

Нејзиното име се наоѓа на листата на независните советници предводени од Јован Златевски, и тоа на високо — четврто место меѓу вкупно 19 предложени кандидати.

Advertisement

Малинкова за порталот Викимедиа (Viki.mk) изјави дека се одлучила на овој чекор од искрена желба да придонесе за својот роден град, преку нови идеи и свежа енергија.

„Јас сум родена и израсната во Кавадарци и отсекогаш сум поврзана со луѓето овде – преку музиката, јавниот живот и секојдневната комуникација. Мотивот да се кандидирам доаѓа од желбата мојот глас и моето искуство да ги ставам во служба на граѓаните. Верувам дека независните кандидати можат да донесат нова перспектива и решенија надвор од класичната партиска политика. Сакам Кавадарци да биде град во кој младите ќе гледаат иднина, а сите граѓани ќе се чувствуваат слушнати и застапени“, рече Малинкова.

Advertisement

Познатата кавадарчанка, покрај музичката кариера, успешно се реализира и во бизнис-секторот. Таа е управителка на трговско друштво и сопственичка на познат салон за мебел во Кавадарци. Приватно, Наташа е сопруга и мајка на две веќе возрасни ќерки.

Инаку, Малинкова е посветена сопруга, мајка на две прекрасни ќерки и еден од најдобрите женски вокали во Македонија. Таа кариерата ја почна најпрво како дел од бендот „Багаж“, а потоа продолжи со својата соло кариера и важи за една од нашите најпознати поп-пејачки. Покрај тоа што е позната по својот раскошен глас, Наташа е на македонската сцена е позната како природна убавица која ужива во својата улога на мајка и сопруга.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button