Гласајте ТУКА ЗА НАШИОТ Кире Науновски да помине во финалето – скромниот пејач го заслужи тоа
Почна борбата за уште едно место во финалето, одлуката дали тоа ќе биде Кире е во вашите раце

Повторно ги воодушеви сите, но …
Кире Науновски и оваа вечер никого не остави рамнодушен кога се појави на познатата сцена во „Никогаш не е доцна“.
Неговиот настап беше проследен со громогласен аплауз, а доби комплименти од сите членови на жирито.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Но очигледно дека ова не беше доволно за повеќето од нив, така што Кире не се пласираше директно во финалето.
Имено, во првата полуфинална вечер се претставија 12 кандидати, а само пет од нив поминаа директно во финалето.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Одлуката ја соопшти Ана Бекута, а меѓу кандидатите што директно се пласираа го немаше името на Кире, што сите ги изненади.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Но тој заедно со останатите има уште една шанса, а таа најмногу зависи од вас, наши драги читатели.
Како што соопштија од Гранд, седумте кандидати кои не поминаа директно ќе се борат на онлајн гласање на Фејсбук страницата на „Никогаш не е доцна“ (кликнете тука и гласајте).
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Скромниот Кире Науноски е меѓу нив, а кој ќе помине во финалето ќе зависи од бројот на гласови што ќе го добијат.
Гласањето трае до вечерва на полноќ, а може д гласате само за еден кандидат и тоа на линкот во продолжение.
Па, подржете го вашиот фаворит со гласање ТУКА.
Гласањето завршува на 16.06 во 24.00 часот.