Гламур беше и остана еден од најчитаните портали во Македонија – и тоа само затоа што ве имаме вас
Ви се заблагодаруваме на довербата, и тоа на овој убав ден, и ви ветуваме дека и во 2025 ќе рушиме рекорди
Гламур во 2024 повторно со рекордна посетеност и бројки со кои ретко кој друг портал може да се пофали!
Порталот Гламур (glamur.mk) и во текот на 2024 година, впрочем како и во претходните години, беше убедливо еден од најчитаните портали за познатите и тоа не само во Македонија, туку и во регионот. Рекордни бројки во однос на посетеноста постигнуваме и во првите денови од јануари во новата 2025 година, така што продолжуваме да рушиме рекорди и нашите содржини да бидат почитани дури и од оние на многу други конкурентни портали кои известуваат за многу пошироки теми од естрадните и лајфстајл темите од јавниот живот.
Па така, на пример, што се однесува само до 2024 година, со околу 50 милиони отворени страници и преку 25 милиони поединечни посети (види Гугл аналитикс во продолжение), Гламур се вбројува меѓу најчитаните и најпосетуваните портали во Македонија, а со вакви бројки ретко која друга „мк“ веб адреса би можела да се пофали.
Гугл аналитикс за посетеноста на Гламур во 2024 (повеќе тука)
Порталот Гламур има милионски посети, така што овие бројки само го потврдуваат статусот дека станува збор е еден од највлијателните и најпосетувани портали во земјава, кој дефинитивно може да се носи и со најчитаните и најпознатите портали за познатите, мода и шопинг во регионот, и тоа од земји многу поголеми од нашата.
Наш мелос, наш дух!
Овие бројки потврдуваат дека сме на вистинскиот пат, но исто така и ја покажуваат и нашата водечка позиција наспрема конкуренцијата. Но овие бројки истовремено ја демонстрираат и верноста на нашата публика која го препозна квалитетот на нашите оригинални содржини, па така заедно со вас се трудиме да изградиме и поставиме стандарди, истовремено не заборавајќи на желбите и потребите на нашите верни читатели, но и на нашите познати личности кои што ги тематизираме во известувањата и за кои најчесто пишуваме.
Наша мисија и наша цел како во изминатиов период, така и во иднина, ќе биде да ја градиме и негуваме македонска сцена, како музичката, така и од сите други области на културата, и да создаваме што повеќе квалитетни и автентични содржини поврзани првенствено со нашите естрадни личности, а потоа и со сите останати шоубизнис и лајфтсајл теми.
И благодарение на вас и вашата доверба, екипата што стои зад најпосетуваниот портал за познатите во Македонија и оваа година ќе продолжи со истото темпо, но истовремено ќе се обидеме да бидеме уште подобри. И тоа само заради вас! Истовремено се надеваме дека тоа конечно ќе го препознаат и нашите огласувачи (секоја чест на исклучоците, но за ова во некоја следна прилика!), и сите заедно да учествуваме во создавањето на оваа наша приказна, урбано проткаена со македонски „мелос“ и македонски дух.
Па, ви за се заблагодаруваме на сите што во изминатиов период бевте со нас и од сé срце ви го честитаме празникот.
Христос се роди! Навистина се роди!