Новости

Гитаристот на ДНК со силна порака до неговите колеги – убаво што ги пеете песните на ДНК, но каде бевте на Маршот?

Advertisement

Тагата и спомените повторно оживеаја во саботата од изминатиот викенд, кога Скопје го исполнија чекорите на стотици граѓани кои дојдоа на „Маршот на ангелите“, во чест на младите животи згаснати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Меѓу присутните беше и Горан Тонев, гитарист на групата ДНК и еден од преживеаните од трагичната ноќ што засекогаш го промени неговиот живот. Откако тивко и достоинствено го помина маршот, Тонев подоцна се огласи со порака која одекна силно во музичките кругови.

Advertisement

-Колеги, убаво што ги пеете песните на ДНК. А кај бевте на Маршот?, праша Горан на „стори“ на Инстаграм.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во овие неколку збора, Горан ја преточи целата болка, но и целата желба трагедијата да не се заборави. Да не остане само во песни, статуси или неколку интервјуа. Да стане потсетник за солидарност, за човечност, за тоа дека понекогаш најважното „настапување“ е она кога стоиш покрај оние што страдаат.

Маршот, одржан во саботата, беше исполнет со тишина што зборува повеќе од зборови. Семејства, пријатели, граѓани, сите движејќи се во ист ритам, како да го продолжуваа здивот на оние кои не се меѓу живите.  Инаку, судскиот процес за случајот започнува на 19 ноември, со одржување на првото рочиште.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button