Познатиот британски girl band, Girls Aloud планира ’нешто посебно‘ за моментот кога ќе ја одбележат десет годишнината од постоењето – и сето тоа секако инспирирано од олимпискиот настап на Spice Girls…
Според една од членовите и ѕвездите на групата, Sarah Harding, сите пет девојки од оригиналната постава се навистина носталгични и идејата за реобединување на денот на десет годишнината на сите им одекнала како извонредна идеја.
30 годишната Sarah по повод оваа вест изјави:
„Коа ги гледав Spice Girls на сцената на затворањето на олимписките игри си помислив ’Би сакала тоа да сме ние‘ “.
Останува да видиме како наскоро Cheryl Cole, Sarah Harding и компанијата на ’помалите сестри на Spice Girls‘ ќе изгледаат на сцената после повеќе години самостојни настапи.
Како потсетување на тоа како овие риби изгледаат заедно, ќе ви постираме едно видео од нивниот настап пред три години на доделувањето на британските музички награди.
{youtube}zl6gXaRYGME{/youtube}