Нашата позната пејачка изгледа фатално два месеци по породувањето – половината никогаш потенка
Пејачката блеска во секое свое издание
Младата пејачка Антониа Гиговска која од неодамна на своето презиме го додаде и презимето на својот сопруг, Спасенцовски, се породи на 14 јули кога на свет го донесе нивниот син на кого му го дадоа името Киан.
Поминаа само два месеци од породувањето, а пејачката повторно е онаа старата, полна со енергија и секогаш расположена да лудува.
Впрочем тоа може да се забележи и од нејзините Инстаграм фотографии на кои повторно им се „врати“ по породувањето.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Гиговска за кратко време успеа да ја донесе линијата до совршенство, а нема да се изненадиме и ако наскоро изгледа подобро од кога било досега и тоа најмногу благодарение на мајчинството во кое што популарната поп-пејачка ужива максимално.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Таа овој пат се сликаше во лифт, со впечатлива шминка на очите, облечена во црна кожна јакна и со заводлива насмевка.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Од нејзините најнови фотографии никој не би кажал дека до неодамна била бремена, а тоа го покажа и неодамна.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Имено, Гиговска тогаш блесна во тесен фустан со кој се појави на една свадба и ги воодушеви сите со својот изглед.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Пејачката тогаш носеше фустан во златна нијанса, а целото издание го зачини со совршена шминка и коса врзан во коњско опавче.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Како Гиговска изгледаше и во ова свое издание и тоа само неколку недели по породувањето, погледнете во продолжение…