За оваа гибаница нема потреба да купувате или развлекувате кори. Работата одлично ќе ја заврши едно пакување макарони.
Состојки
250 гр. макарони (или слични тестенини)
500 гр. свеж спанаќ (или 300 гр. замрзнат)
400 гр. тврдо бело сирење
6 јајца
2,5 дл. млеко
1 дл. јогурт
3 лажици брашно
½ кесичка прашок за пециво
сол
Подготовка
За подготовка на ова јадење ќе ви бидат потребни околу 60 минути.
Сварете ги тестенините, исцедете ги и измијте ги со ладна вода. Сварете го спанаќот, исцедете го и оставете го да се олади. Изрендајте го сирењето, додајте ги јајцата и убаво изматете со жица. Потоа во јајцата и сирењето додадете го млекото, јогуртот и брашното и заматете, па додајте го прашокот за пециво и уште малку матете. Во добиената смеса измешајте ги макароните и спанаќот, посолете по вкус (во зависност колку е солено сирењето што го користите), убаво измешајте и ставете ја во подмачкан плех од средна големина. Ставете го плехот во претходно загреана рерна на 190°C и печете додека гибаницата не порумени.
Се служи со јогурт или кисело млеко.
Извор: www.coolinarika.com