Новата колекција на „H&M“ во соработка со генијалниот парискиот познавач на убавината и модата, Џамбатиста Вали.
Оваа возбудлива новост беше објавена на „амфар гала“ вечерта во Кан на која присуствуваше Вали и креативниот директор на „H&M“, Ен Софи Јохансон, кои заедно се појавија на црвениот килим, а со нив и Кендал Џенер, Крисл Ли, Кјара Ферањи и уште неколку други познати манекенки.
Колекцијата настана во склоп на дизајнерската соработка и ќе биде лансирана на 7 ноември. Преубавите комбинации што ги носеа познатите манекенки на црвениот килим во Кан ќе бидат достапни само во избрани продавници и на „hm.com“ и тоа уште од 25 април (што е реткост да се најдат парчиња пред да бидат и официјално претставени, но денес тоа е само уште еден новитет во светот на модата).
Погледнете во продолжение како ќе изгледа истата: