Ги враќа на нозе и најтешките пациенти – британски Гардијан пишува за оваа бања недалеку од Скопје
Британски „Гардијан“ ја вбројува Горна Трепча меѓу десетте најдобрите бањи за буџетен спа-одмор во Источна Европа, истакнувајќи го исклучителниот однос цена–квалитет, чистиот воздух и благодетите од минералната вода.

Во подножјето на планините Вујан и Буковик, во централниот дел на Србија, помеѓу градовите Чачак и Горњи Милановац, на надморска височина од 460 метри, се наоѓа единствена природна оаза – Атомска Бања или, како што е официјално позната – Специјална болница „Горна Трепча“.
AdvertisementView this post on Instagram
Од Скопје до Горња Трепча има приближно 330 километри, што е околу 4 часа возење со автомобил, преку автопатот Е-75 (преку Ниш, Параќин, Крагујевац). Најблизок голем град до бањата е Чачак (оддалечен само на 18 км, околу 20 минути со автомобил).
Водите на Горна Трепча се користат за лекување уште од римско време, а во 1890 г. е изградена првата бања. Во 1970 г. таа официјално станува природно лечилиште по анализа од белградскиот Балнеолошки институт . Во 2008 г. комплексот добива нов сјај по приватизацијата и целосната европеизација, а во 2012 г. е завршен и новиот објект „Вујан“ за рехабилитација.

Уникатна термоминерална вода
Главниот терапевтски фактор е водата – блага, карбонатна, богата со микро и макроелементи (калциум, магнезиум, натриум), а содржи и ретки елементи како што се радиоактивниот радон (многу делотворен при лекувања), цезиум и селен.
Температурата од околу 29,8 °C, заедно со богатиот минерален состав, ја прават оваа бања исклучително ефикасна кај болки во нервниот и мускулниот систем, како и кај ревматски и невролошки болести
Клинички студии покажале благодети кај пациенти со мултиплекс склероза и ревматски заболувања, потврдувајќи токму терапевтската вредност на водата .
Британски „Гардијан“ ја вбројува Горна Трепча меѓу десетте најдобрите бањи за буџетен спа-одмор во Источна Европа, истакнувајќи го исклучителниот однос цена–квалитет, чистиот воздух и благодетите од минералната вода.
View this post on Instagram
Повеќе од бања
Освен специјализираните капацитети – болнички, пансионски, бунгалови и хотелот „Вујан“ – комплексот нуди и опции за приватно сместување како „Атомски цвет“, кога гостите бараат поинаква атмосфера и приватност. Цените се пристапни за секој џеб, а посетители од целиот свет се се побројни во бањата.
Ангажирање на специјализиран медицински персонал и можностите за рехабилитација на ревматски и невролошки заболувања дополнително ја зголемуваат довербата кај посетителите.

Бањата е опколена со шума, има питома клима која ја прави погодна за посета во секое годишно време. Повеќето пациенти забележуваат подобрување на здравствениот статус веќе по неколку денови престој, а многумина се враќаат годишно – што само ја потврдува успешната приказна на ова место.
Атомската Бања во Горна Трепча е совршена комбинација за секој што бара холистичка грижа за телото и духот. Во новата ера на агротуризам, оваа балнео‑оаза нуди нешто што тешко ќе го најдете на друго место: духовна и физичка трансформација под сенката на вековно стари дрвја и моќна термална вода.

Од инвалидска количка до самостојно одење – лековитоста на Гоpња Трепча е вистинска
Во екот на сезоната, капацитетите се целосно исполнети, а неверојатните сведоштва на посетителите само ја потврдуваат репутацијата на оваа бања како една од најлековитите во Европа.
„Првиот пат дојдов во количка. Денес одам самостојно!“ – вели жена од Бања Лука, која од 2017 година доаѓа редовно по 21 ден во бањата двапати годишно.
Но, престојот во Атомската Бања не е само терапија. Посетителите можат да уживаат во културно-уметнички вечери, концерти, организирани излети до соседните бањи и манастири – што го прави искуството уште побогато.
Атомската Бања е жив доказ дека здравството, туризмот и културата можат заедно да понудат холистички и целосно лековит престој. Во време кога сите бараме рамнотежа и мир, оваа бања нуди токму тоа – и уште повеќе.