Холивуд

Е овој пат навистина претера! Девојката на Кристијано Роналдо која се породи пред само 9 дена ги шокираше сите

Advertisement

Убавата Георгина се најде на удар на критиката на социјалните мрежи поради она што го прави само девет дена откако се породи

Advertisement

Георгина Родригез, девојката на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, се породи пред неполни две недели, а веќе се пофали со фотографија од теретана. Таа очигледно сериозно се посвети да ја врати беспрекорната линија поради што на социјалните мрежи беше пофалени од обожавателите. Но покрај пофалбите, далеку помногубројни беа оние кои беа изненадени од призорот. „Јас сум мајка и од искуство можам да кажам дека не постои доктор кој би дозволил да се занимавате со спорт на помалку од десет дена по породувањето. Не е важно дали е во прашање вагинален пород или царски рез. Но секој работи што сака со своето тело и со својот живот. Јас тоа време со задоволство би го помилана со моето бебе“ коментираше една обожавателка на Георгина на нејзиниот профил на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/BbuIHwBhThh/

Но ако земеме во предвид дека девојката на еден од најдобрите фудбалери на светот, Георгина Родригез не се откажуваше од вежбање во теретана ни за време на бременоста, тогаш и ова не треба многу да не чуди.

Имено, Георгина цел живот се занимава со танцување и секојдневно вежба па воопшто не е необично што и по бременоста се грижи за својот изглед, здравјето и добрата линија. Инаку, 23 годишната Георина во моментот работи како модел за познатата модна агенција од Мадрид „Uno Models“, а своевремено работеше и како асистент за продажба во продавница на Гучи. Студираше англиски јазик во Лондон, а има и диплома за танцување.

Па, што мислите дали оваа атракивна мама треба постојано да е дома, покрај своето бебе, или треба да одвои време и за себе?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button