Гола сум, имам стрии и опуштен стомак, но го дојам моето бебенце и се чувствувам прекрасно! Оваа слика ги шокираше сите на Фејсбук
Еми Валер (26) се фотографираше со нејзината ќерка Алис која има само 12 недели и тоа додека гола ја дои во када со што предизвика неверојатни реакции на социјалните мрежи.
Еми на својот пост на Фејсбук кој со брзина на светлината се рашири на социјалните мрежи истакна дека намерно го покажува своето тело со вишок килограми и стрии бидејќи сака да им даде поддршка на сите жени кои минуваат низ истиот период.
„Знам дека изгледам грозно на оваа фотографија. Ми се гледа големиот стомак и стриите. Но сите луѓе од опкружувањето, но еве, и ширум планетава, ми кажаа дека тоа е најубавата слика која што ја виделе во последно време. Сега повеќе не ме интересира како ми изгледа телото. Тоа го создаде моето бебе, а резултатот е овој опуштен стомак. Се породив пред само 12 недели, а женските тела се силни и моќни, но никој од нас не е супер жена. Никој не е совршен и мораме да се прифатиме самите себеси. Нашите тела се полни со сила и се убави сами по себе“, порача оваа млада мајка под нејзината фотографија која што ја објави на Фејсбук.
Извор: metro.co.uk