„Ги решава сите проблеми“- денес се молиме на големиот светител, ќе ви помогне ако сте несигурни во себе
Според преданието, Прокопиј „ги решава сите проблеми, доколку му се обратите искрено во молитва барајќи помош“.

Преподобниот Прокопиј Декаполит, светителот кој денес го прославува Македонската православна црква и верниците, според преданието „ги решава сите проблеми, доколку му се обратите искрено во молитва барајќи помош“.
За време на својот световен живот, живеел во Десетоград (Декаполис), во близина на Галилејското Море, по што го добил името Декаполит.
Како млад човек се посветил на подвижнички живот за да ја прочисти својата душа и тело и да се издигне кон Бога.
Кога започнал прогон од страна на царот Лав Исавријанин поради проповедањето на христијанството, Прокопиј застанал во одбрана на иконите, докажувајќи дека молитвата пред нив не е идолопоклонство, бидејќи христијаните знаат дека не се поклонуваат на мртва материја, туку на живите светители кои се насликани на иконите.
Поради ова, бил свирепо мачен во затвор, но не ја загубил својата верба и истрајност во борбата.
По смртта на царот Лав, иконите биле вратени во црквите, а Прокопиј се вратил во својот манастир, каде што го поминал остатокот од животот во мир.
Во староста се преселил во Божјото царство, радувајќи се на живите ангели и светители, чии ликови ги почитувал на иконите додека бил на земјата. Починал во IX век.
Се верува дека токму на овој ден треба да му се помолите на овој светител доколку ве обземат сомнежи и несигурност, а тој ќе ги услиши вашите молитви.
Преподобниот Прокопиј ќе ви помогне при решавање на проблемите и ќе ви ја даде потребната вера за да продолжите понатаму.
Молитва кон Свети Преподобен Прокопиј Декаполит
О, свети и преподобен оче Прокопиј,
Ти што со својата вера и подвиг се прослави,
Ти што ја бранеше светоста на иконите
И ги издржа сите маки и искушенија,
Моли се за нас грешните пред престолот Божји.
Испроси ни од Господ милост и сила,
Да ја зацврстиме нашата вера,
Да ги надминеме нашите слабости,
И да ја победиме несигурноста што нè обременува.
Ти што ги претрпе мачењата со трпение,
И ја сочува својата душа чиста,
Помогни ни во нашите искушенија,
Да останеме непоколебливи во добрината.
О, свет и славен угодниче Христов,
Биди наш застапник и заштитник,
Испрати ни мир во срцето и разум во мислите,
За да одиме по патот на спасението,
Секогаш славејќи Го Отецот, и Синот, и Светиот Дух,
Сега и секогаш, и во вечни векови. Амин.