Од премногу тенки, до речиси споени, веѓите поминаа низ многу трендови. Но, дамите прават многу грешки кога е во прашање нивното средување. Во продолжение дознајте дали и вие ги правите овие најчести грешки.
1. Ги третирате со премногу производи
Серуми, креми и различни други козметички производи можеби одговараат на вашата кожа, но не значи дека истите се добри и за вашите веѓи. На нив никогаш не нанесувајте производи кои не се измиваат затоа што предизвикуваат изретчување и опаѓање на влакната.
2. Премногу ги скратувате
Ако прекратко ги скратите, тие може да изгледаат многу потенки, а може да почнат и да растат во погрешен правец. Она што би требало е да ги исчешлате нагоре, па да ги исечете само оние влакна кои се претерано подолги од другите.
3. Бесцелно ги кубите влакната
Надобро е да го исцртате посакуваниот облик и потоа да ги отстраните вишокот влакна кои не припаѓаат во него.