Ги практикувам рецептите од мајка ми, сакам да готвам, но не ми е најомилено – водителката Милена во ПОЗНАТИТЕ ВО КУЈНАТА
Не јадам пача и никогаш нема да јадам (хаха), низ смеа ни одговори Антовска.
Популарната водителка Милена Антовска ужива во убавата италијанска кујна, бидејќи деновиве таа е во Милано , каде го посети и креативниот божиќен маркет, ја замоливме за едно кратко интервју со цел да ја имаме во нашата рубрика -ПОЗНАТИТЕ ВО КУЈНАТА.
И додека Милена го гризе новото жешко парче италијанска пица ние ја бомбардиравме со прашања.
Ја прашавме што , јаде, што не јаде. Дали како мама на мали дечиња и млада домаќинка е спретна во кујната или тато асистира повеќе.
Добивме многу интерсни одговори од прекрасната Милена.
Во продолжение ве носиме во кујна со атрактивната водителка, ужувајте во интервјуто.
Дали сакате да готвите?
Секако дека да, не ми е најомилена работа на свет, но сакам да готвам 😊
Дали сте брзи или бавни во кујната?
Па прилично сум брза во готвњето, затоа што не секогаш имам премногу време, како и сите ние со ова брзо темпо на живот.
Што најдобро знаете да зготвите?
Знам да готвам многу македонски јадења, знам од се по нешто😊
Кој е најкомплицираниот рецепт што знаете да го направите?
Не памтам баш да сум правела нешто премногу комплицирано, затоа што секогаш гледам да е нешто лесно, едноставно и вкусно
Кое ви е омилено јадење?
Омилено јадење, хммм… па не знам, сакам италијанска кујна, но сакам и македонски традиционални манџи, не можам да се одлучам за едно јадење.
Што преферирате повеќе благо или солено?
Солено, но после тоа морам да јадам и нешто благо.
Има ли нешто што не јадете? Зошто?
Не јадам пача и никогаш нема да јадам хахаах
Кое е најубавото нешто што сте го пробале од храна? Каде сте го пробале и кога?
Може ќе биде клише ама во Италија мене ми е најубава пицата😊 Во Рим.
На кој начин најчесто ги откривате рецептите?
Рецептите од мајка ми, нешто на интернет сега лесно може да се најде, генерално се држам до традиционалната кујна.
Дали во Македонија има добра храна? Кој е најдобриот македонски специјалитет?
Секако дека има добра храна, и тоа одлична… Најдобар македонски специјалитет не знам има повеќе, еве би спомнала пастрмајлија, ајвар…😊
Што им препорачувате да пробаат на гостите од странство?
Ајвар да пробаат со убаво овчо галичко сирење.
Дали знаете да се опуштите со нездрава храна? Што јадете од „забранетото“?
Јадам се, и здраво и нездраво. Не ми веруваат но навистина е така ахахах
Што преферирате повеќе овошје или зеленчук?
Овошје.
Има ли нешто што никогаш не сте го пробале од храна, а сакате да го пробате?
Може нешто од азиската кујна, сигурно има многу убави специјалитети иако се многу специфични на вкус
Дали консумирате алкохол?
Не пијам алкохол.
Кој ви е омилен пијалак?
Вода и цедени сокови.
Што би одбрале ручек со пикник, ручек во елитен ресторан или нешто трето?
Ручек во ресторан,