Бесплатна лекција од Синди Крафорд
Ако сакате на фотографиите од плажа да изгледате како вистинска манекенка, послушајте го советот на Синди. Имено, еден од најпознатите светски модели на својот Инстаграм сподели видео во кое дели совети како да позирате додека сте во бикини.
Па, погледнете што ни препорачува таа …
Еден од најпознатите некогашни топ модели не врати во раните 90-ти, кога немавме таблети и паметни телефони, па дремевме пред „малите“ екрани, а МТВ беше еден од нашите омилени ТВ канали. Видеото е токму од тоа време, а на него познатиот модели ги открива триковите за најдобра поза во бикини. И ако можеме да и веруваме – и девојките кои немаат совршено тело на фотографиите изгледаат одлично.
https://www.instagram.com/p/BWX2v-rAyAy/?taken-by=cindycrawford
Трикот се состои во добар однос на рамениците и колковите, а како точно да ја направите магијата, погледнете во нејзиното видео.