Дом и семејство

Генијален трик за бујно и здраво цвеќе – со само една евтина намирница ќе добиете резултати од кои ќе се изненадите!

Постои едноставен, природен и неверојатно ефективен трик кој многу домаќинки го користат – и тоа со резултати кои ги надминуваат очекувањата.

Advertisement

За многу љубители на растенијата, грижата за собното цвеќе и цвеќето во градина не претставува само хоби туку и вистинска посветеност која бара време, внимание и, неретко, финансиски трошоци. Од специјализирани ѓубрива, преку заштитни средства од штетници, па сè до стимуланси за побрз раст – грижата за растенијата знае да биде скапа.

Но, постои едноставен, природен и неверојатно ефективен трик кој многу домаќинки го користат – и тоа со резултати кои ги надминуваат очекувањата.

Advertisement

Клучот лежи во една евтина и секојдневна намирница: свежиот пекарски квасец.

Оваа наизглед обична состојка е богат извор на витамин Б, кој инаку често се користи како активна компонента во индустриските средства за нега на растенија. Наместо скапи препарати, можете да го искористите токму квасецот за да создадете природен раствор што го поттикнува растот, ја зајакнува кореновата структура и ја зголемува отпорноста на растенијата.

фото-пекселс

Природно ѓубриво од квасец – подготовка и употреба

Потребни состојки:

Advertisement

10 грама свеж пекарски квасец

1 кафена лажичка шеќер

1 литар млака вода

Постапка:

Во млака вода растворете го квасецот, додадете го шеќерот и промешајте добро. Оставете ја смесата да стои барем два часа на собна температура. Потоа, истурете ја течноста во шише со прскалка или кантичка и употребете ја за полевање.

Користете ја на секои десет дена во текот на летото како и напролет, а во есен и зима двапати месечно.

Овој раствор може да се користи и за собни растенија и за оние во дворот или на терасата. Резултатите се дека лисјата стануваат повесели и позелени, цветовите се побујни, посветли и подолготрајни, а коренот се зајакнува додека растението станува поотпорно на временски промени и на штетници.

фото анплаш

Доколку немате квасец, можете да ја искористите и кората од банана. Ставете ја преку ноќ во вода и потоа користете ја течноста за полевање. Таа е богата со калиум и магнезиум, кои исто така се важни за здравјето и растот на растенијата.

Овој едноставен, но ефикасен трик е идеален за оние кои сакаат природна грижа за своите растенија, без непотребно трошење и без хемикалии. Пробајте го и уверете се сами – вашето цвеќе ќе ви „заблагодари“ со раскошен изглед и долготрајно цветање.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button