Реклама
Кафе муабет

Јадевме млечни сладоледи, бел леб и вистински путер… приказна за генерациите од 1950-1980 година

Реклама

generacija2

На нас не ни даваа таблети против хиперактивност. Ние немавме школски психолог и воспитувач па сепак завршувавме некакво училиште. Немавме playstation, нинтендо, x-box, никакви видео игри, немавме 99 канали на Телевизија, само два и тоа вториот дури од попладне, немавме видео рекордери, surround sound, мобилни, компјутери, интернет, чет соба …

Ние имавме и пријатели и се дружевме со нив!

Маркетинг

Паѓавме од дрво, знаевме да се пресечеме на стакло, да скршиме заб, нога или рака, но нашите родители никогаш не одеа на суд поради тоа. Градевме тврдини од снег, фрлавме петарди за Нова година, читавме тон стрипови и се тоа го преживеавме без последици.

Се возевме со велосипед или одевме пеш, дотрчувавме до куќата на пријателот, му ѕвоневме на врата или едноставно влегуваме кај него дома да се дружиме и да бидеме заедно! Кога имавме проблеми со законот, родителите не плаќаа кауција за да не спасат. Всушност, беа построги отколку самиот закон.
Последните 50 години беа најплодоносни години во историјата на светот. Нашите генерации ги дадоа најдобрите пронаоѓачи и научници до денес. Имавме слобода, право на грешки, успех и одговорност. И научивме да живееме со тоа.

Маркетинг

И ти и припаѓаш на таа генерација?

Ти честитаме. Можеби ќе сакаш ова да го споделиш со останатите кои имаа среќа да пораснат како вистински деца, пред адвокатите, државите и владите да почнат да одредуваат како треба да се живее!

Можеби би било добро да ја испратите оваа порака и до вашите деца да видат како нивните родители растелеПоздрав генерацијо и да живееме! Секој од нас е ангел со само едно крило, а да летаме можеме само прегрнати.“
Доколку вие сте од овие генерации, а имате нешто да додадете од тоа време и како се живеело тогаш, пишете ни во коментар.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button