Производите на холандскиот бренд MAGNETIC се дел од професионалната програма за нокти како што се гелови, акрили, гел лакови, наил арт и многу други производи и опрема која што е потребна за работа.
THE MAGNETIC DIFFERENCE – WHY OUR GELS ARE SO GOOD
Станува збор за квалитетни производи по пристапни цени, референци по кои најмногу е познат овој бренд во целиот свет. Еве кои се главните карактеристики на нивните гелови како и сите останати потребните информации кои ви се потребни за да го изберете вистинскиот гел.
Еве зошто геловите на MAGNETIC се најдобар избор:
– Сите гелови ги има во пакување од 30гр. и 50гр.
– Супериорно слепување – ноктите кои се направени со геловите на MAGNETIC, траат многу долго поради специјалната формулација на молекуларните честички во структурата на гелот , кои што активно се врзуваат за природниот нокт и го прават слепувањето совршено
– Еластичноста на ноктите направени со геловите на MAGNETIC е еднаква на еластичноста на природниот нокт.
– За оние кои ги носат, гелните нокти направени со геловите на MAGNETIC воопшто не се тешки, се чувствуваат како природни нокти
– Сите гелови имаа висок сјај и блескавост
– Широк спектар на високо пигментирани бои
– Имаат вградени специјални фото филтери кои ги заштитуваат природните нокти од високите температури при печењето. Фотофилтерите го заштитуваат прирпдниот нопкт од штетното влијание на топлината на УВ ламбите, дтдека УВ филтрите не дозволуваат дисколорација и пожолтување на ноктите.
– Немаат непријатна миризба
КАКО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКИОТ ГЕЛ
Изборот на гелови од широкиот асортиман на MAGNETIC, најмногу зависи од вискозноста (лепливоста) не гелот. Колку е помала вискозноста, толку гелот е поразреден , поголема вискозност го прави гелот погуст при неговото нанесување. Има четири фактори кои влијаат на вискозноста на гелот:
1. Состав на гелот –Долгите низи на големи молекули врзани во структурата на овој гел му даваат голема густина и го прават идеален за градење и продолжување на ноктната плоча како и за градење на врвовите на ноктите
2. Проѕирност: Колку повеќе работите со гелот, толку повеќе гелот губи од густината и се разводнува . Кога ќе престанете да работите, гелот се враќа во првичната густина.. Ова е особено корисно кога времето е ладно и геловите тешко ја задржуваат густината.
3. Температура: Препорачуваме да ги чувате геловите во просторија каде што температурата на воздухот е контролирана. Потрудете се геловите да ги чувате на студено, темно место. Големи температурни разлики и директно изложување на сонце, негативно влијае на геловите.
4. Флекс индикатор ( индикатор на еластичност): тоа е единствен видлив белег кој се гледа на страната на амбалажата. Со еден поглед може да видете дали гелот е цврст или еластичен. Колку повеќе згрутчување гледате, толку гелот станува поцврст, нееластичен.
{youtube}odWrLf4QjrQ{/youtube}
Доколку сакате да дознаете повеќе за обуките, како и за календарот со опис и цени на сите курсеви организирани од професионалните едукатори на Magnetic Nail Academy, кликнете тука – за обуките, односно тука – за календар и цени.