Гавазова „замеша“ во претесен фустан, а шлицот никогаш подлабок – ги распамети сите со својот изглед
Ново издание, нови воздишки...

Пејачката ги истана своите атрибути
Нашата позната фолк-пејачка Сузана Гавазова редовно споделува детали од својот живот на социјалните мрежи.
Таа и покрај своите две бремености и денес изгледа беспрекорно што и да облече и важи за една од нашите најзгодни пејачки.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Впрочем тоа може да го видиме од нејзините објави каде таа често позира и во провокативни изданија и гордо го покажува своето тело.
Но овој пат таа позираше во тесен фустан во металик златна нијанса, со тесно кусо здолниште и шлиц од милион долари.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, долниот дел од фустанот беше току отворен што пејачката ги истакна своите нозе во преден план, но истовремено мораше и да внимава да не покаже премногу пред камерите.
Таа целото издание го заокружи со златни сандали со тенки високи потпетици и коса врана во високо коњско опавче.
Како Гавазова изгледаше во ова свое провокативно издание со кое предизвика бројни коментари погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, Сузана Гавазова пред само неколку дена ги изненади сите и со своето појавување на „Фолк-фест Валандово“.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа настапи заедно со својот колега Љупчо Ѓоргиев, а нивната песна го освои првото место на овој престижен фолк-фестивал.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Како Гавазова изгледаше и на валандовската сцена погледнете тука, а во продолжение погледнете го и спотот на Гавазова и Ѓоргиев за нивната победничка песна од овој фолк-фестивал.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Бонус видео
Сузана и Љупчо – Љубовта да расцути