Гавазова со грутка во грлото – „жал ми е што ова се случи, а се радував како мало дете“ (видео)
Навистина ми е жал што се случи ова, се радував како мало дете што новата година ќе ја дочекам со мои луѓе кои ја сакаат мојата музика.
Не секогаш може да ги испланираме работите онака како што посакуваме, колку нешто да посакуваме од срце.
Овојпат, тоа ѝ се случи на популарната фолк-пејачка Сузана Гавазова.
„Со грутка во грло ова го зборам. Навистина ми е жал што се случи ова, се радував како мало дете што новата година ќе ја дочекам со мои луѓе кои ја сакаат мојата музика и знам дека салата е преполна, знаејќи дека јас ќе пејам и тоа многу го почитувам. Црквата Свети Никола дадоа се од себе, исто така и ние, од овде да дојдеме, но едноставно се случи нешто што сега никој не може да го објасни.
Како што кажувам на видеото не сум одбиена, но визата доцни, така да немам среќа овојпат да се дружам со моите пријатели во Америка“, вели убавата пејачка во видео-објавата на својот фејсбук-профил.
Пејачката во оваа видео-прилика им посака Среќна нова година и среќни празници на сите.