Гавазова ја знаете сите, но ќе се изненадете и од нејзината родена сестра – изгледаат како близначки (фото)
Ваква сличност никој не очекуваше

Тие беа прегрнати, а многумина беа изненадени од нивната сличност, па пејачката со објавата предизвика бројни коментари.
Познатата македонска фолк-пејачка, Сузана Гавазова (45), објави снимка на која е со една нејзина многу драга личност.
Имено, Гавазова на Инстаграм сподели снимка со своите следбеници, на која ја видовме во мошне елегантно издание.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Снимката е направена во еден ресторан, а Гавазова најпрво се снимаше како пее заедно со музичарот кој ги забавуваше гостите, а потоа сподели уште едно видео, а на кое е и нејзината сестра.
Пејачката со овие свои објави ги воодушеви обожавателите, а многумина коментираа дека изгледа прекрасно, но и дека многу личи на својата роден сестра, освен што има подолга и црна коса.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Како Гавазова изгледаше во ова свое издание, распеана и весела покрај своите најблиски, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, Гавазова неодамна имаше спектакуларен настап во Турција каде истата вечер на сцената беше и пејачката Сенидах.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тие направија одлична забава и ја воодушевија публиката, а турскиот новинар Јусуф Емини кој често коментира настани од неговата земја за балканските медиуми, повторно имаше само пофални зборови за нашата пејачка и ја спореди со светски познатата Шакира.
Повеќе за ова прочитајте тука...