Гавазова и по две бремености има тело од милион $ – пејачката го сруши интернетот, изгледа светски
Прво се снимаше на плажа, а потоа се опушти и почна да танцува во костимот за капење

Никој не остана рамнодушен на ова нејзино издание
Пејачката во последно време е поактивна и од многу тинејџерки на социјалните мрежи, а и сите се согласни дека изгледа авион.
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова е на одмор од своите соништа, што може да се забележи и од нејзиниот Инстаграм профил.
Имено, таа веќе некое време ужива на преубавите плажи во Мексико, но притоа и ги „шокира“ сите со својот изглед.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката е поприлично активна на социјалните мрежи, а деновиве споделува снимки со кои го одзема здивот.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
И бидејќи има две бремености зад себе и е во петтата деценија од животот, треба да се биде искрен и да се признае дека пејачката и денес изгледа совршено, но и дека може да им парира и на многу колешки кои се дури и дупло помлади од неа. И не само што нема проблем да скокне во своите омилени костими за капење и да го покаже своето тело од секој агол, таа дури почна и да танцува во ова издание на егзотичната плажа, што дополнително ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа покажа како ужива во сонцето и морето, како никој да не ја гледа, по што следуваа бројни пофалби на сметка на нејзиниот изглед.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инаку Гавазова никогаш не криела дека обожава лето и костими за капење, па така во една пригода за Гламур откри:
„Секогаш кога имам нов костим за капење сакам да си направам фотографии или некоја снимка за да се пофалам. Се трудам тоа да изгледа с*кси и светски, а не ниско и евтино“, изјави тогаш популарната пејачка за Гламур.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
А како таа изгледа овој пат, во својот нов модел на костим за капење, погледнете на следната страница….