Гавазова и Грујовски „фатени“ заедно во фолк акција – пејачката пее и „меша“, гостите сите на нозе
Од плажа право пред публика...
![](/wp-content/uploads/2025/02/gavazova5-780x470.jpg)
Нашата позната фолк-пејачка настапува ширум светот, а овој пат со своите колеги направи одлична забава.
Нашата фолк-дива Сузана Гавазова овој викенд настапи со својот колега Благоја Грујовски и музичарот Јане Рафаиловски.
Тие тројцата заедно направија одлична забава што може да се види и од снимките што испливаа на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
И на профилот на Гавазова на Инстаграм можат да се видат снимки од журката што тие ја направија, а многумина го пофалија и изгледот на пејачката која блескаше од глава до пети на овој настан.
Имено, Гавазова за оваа пригода избра тесен фустан покриен со светки, шик сандали со високи потпетици и впечатливи обетки, а покрај неа блескаше и Благоја, еден од омилените пејачи за кого сите велат дека изгледа неверојатно за свои години (види тука).
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Благоја за оваа пригода носеше црни панталони и црна кошула, а целото издание го заокружи со сиво сако.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
И додека тие и двајцата пееја, гостите се фатија и заиграа оро, а танцуваше и пејачката со своите занесни движење.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, Гавазова веднаш по Нова година замина на турнеја во Америка, а потоа и на одмор во Мексико.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката од таму сподели серија снимки со кои покажа како ужива на преубавите плажи на ова егзотично место, но и дека е во топ форма позирајќи во своите минијатурни костими за капење.
Како Гавазова изгледаше и тогаш, ѕирнете тука...
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова