Гавазова ги збудали мажите со раскошното деколте – фустанчето претесно, сите се вртат по неа
Изгледа шик во секое издание...

Пејачката направи „лом“ со своите колеги
Пејачката Сузана Гавазова важи за атрактивна жена која привлекува внимание и со своите објави на социјалните мрежи.
И без разлика дали носи елегантни фустани или е во некое опуштено издание, нашата позната фолк-пејачка многу често со она што ќе го сподели на својот Инстаграм никого не става рамнодушен.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Па така неодамна ги изненади сите со едно свое издание во кое позираше во бициклистички и маичка, покажувајќи дека има тело на кое можат да и завидуваат и многу помлади девојки.
Таа се снимаше како игра пред огледалото во својот дом, а оваа снимка веднаш предизвика воодушевување кај многумина.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Кралица“, „Екстра си, Суза“, „Те бива за Холивуд“, беа само некои од многуте коментари што Гавазова тогаш ги доби од своите фанови.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, пејачката ги воодушеви сите со своите затегнати облини и истакнувајќи го рамниот стомак на кој се познаваа линиите од мускулите.
На пејачката очигледно и се допадна ова издание, па реши во него да се сними и истото да го сподели и со останатите.
View this post on Instagram
И тоа не еднаш, туку два пати…
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Деколте од милион долари
Впрочем како и со изданието што го носеше само неколку ден подоцна, кога повторно предизвика воздишки кај сите.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Овој пат пејачката блескаше во тесниот фустан, а она што сите го забележаа е дека телото го донела до совршенство, па сега што и да облече изгледа неверојатно и никого не остава рамнодушен.