Наши ѕвезди

Гавазова ги засука ракавите и ги израдува своите по дома – врвна домаќинка, еве со што ги пречека (фото)

Ова секој би го пробал, изгледа превкусно...

Advertisement

Откако го отвори профилот на својот Инстаграм, Сузана Гавазова со своите објави постојано ги воодушевува фановите.

Нашата позната пејачка социјалните мрежи покрај тоа што ги користи за да најави некое нејзино гостување или настан, таа речиси секојдневно своите обожаватели ги чести и со интересни фотографии.

Advertisement

Секогаш облечена во шик изданија, таа блеска на овие свои објави, а сега покажа и како се снаоѓа во кујната.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Имено, Гавазова на својот Инстаграм овој пат покажа како прави супа со тиква и воодушеви многумина со рецептот.

Advertisement

Таа често знае да направи вкусно, а здраво јадење, а како сето тоа изгледаше овој пат, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Потсетуваме,, Гавазова покрај тоа што е една од нашите најпознати пејачки, оние што ја следат на социјалните мрежи знаат дека е и врвна домаќина која ужива во подготвување храна за семејството.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Пејачката е посветена сопруга и мајка на две ќерки, така што обврските околу семејството секогаш ѝ се на прво место.

Од нејзините објави може да видиме и дека кујната во нејзиниот дом изгледа како оние во каталозите, а и јадењата што ги прави изгледаат како да се зготвени од врвните светски готвачи.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Нејзината врата од убавата вила секогаш е отворена за сите, па така често на Инстаграм можеме да видиме дел од нејзината оаза.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Посебно во текот на летните месеци, кога често споделува моменти од својот двор во кој има голем базен.

На една од овие објави со кои Гавазова ги воодушеви сите и заради костимот за капење што го носеше, потсетете се тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button